1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истрага за протекувањето информации за следењето на интернет

АМ/миа9 јуни 2013

Националната агенција за безбедност на САД вчера побара да започне криминалистичка истрага за протекувањето на високо класифицирани информации од нејзината тајна програма за набљудување, изјави портпаролот Шон Тарнер.

https://p.dw.com/p/18mOo
Фотографија: Fotolia/kebox

Тој додаде дека агенцијата испратила „извештај за криминално дело“ до Министерството за правда.

Директорот на Националната разузнавачка агенција на САД Џејмс Клапер ги обвини денеска медиумите за оддавање на тајни за следењето на сите комуникации на интернет, оценувајќи дека таа програма е од клучно значење за заштита на националната безбедност на САД. Тој извештаите на медиумите ги оцени како „невнимателни“, додавајќи дека системот е насочен првенствено кон странски граѓани и нивните имејл адреси на Гугл и Мајкрософт, а не на Американците.

Ова е второ огласување на директорот на американската „супер тајна служба“ оваа недела, откако британскиот весник „Гардијан“ и американскиот „Вашингтон пост“ објавија дека агенција ја следи целокупната комуникација на милиони луѓе на социјалните мрежи, како и дека тајно собира информации и телефонски листи на американските граѓани, кои ги користат услугите на мобилниот оператор „Верајзон“.

Symbolbild Online-Überwachung
Американските власти убедуваат дека со програмата се следени само странски, а не и американски државјаниФотографија: picture-alliance / dpa

„Во текот на оваа недела бевме сведоци на намерно оддавање на разузнавачки мерки, со кои ги штитиме американските граѓани. Во брзањето тоа да го објават, медиумските куќи не и’ го дадоа вистински контекст на целата приказна, вклучувајчи го и тоа дека овие програми се надгледувани од сите три гранки на власта“, нагаси Клапер.

Тој истакна дека програмата за надгледување е законска и оти за неа е информиран американскиот Конгрес. Говорејќи за програмата „Призма“, согласно која безбедносните служби на САД можат да ја следат целата комуникација на интернет, Клапер рече дека во прашање е „внатрешен владин компјутерски систем, кој се користи за собирање на странски разузнавачки податоци, како и дека сето тое е под судски надзор.