1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историјата на Маршаловиот план

5 јуни 2007

Европа, две години по Втората светска војна: луѓето страдаа од глад, стопанствата беа уништени. Сојзуничките победници се уште не беа решиле што треба да се случи со Германија.

https://p.dw.com/p/AoOI
Сојузниците станаа противници:Черчил, Труман и СталинФотографија: AP

Само едно беше јасно: од оваа земја никогаш повеќе не смее да започне војна. Пред 60 години, на 5 јуни 1947 година, конечно од страна на Американците беше претставен Маршаловиот план.

Со него обновата на Германија и нејзините европски соседи беше толку успешна, што вкупно 4 од нив денес им припаѓаат на најголемите и најмоќни економии во светот што редовно се среќаваат на самитите на Групата 8, како неделава во германскоот летувалиште Хајлигендам. Јоахим Ленц подготви бекграунд за историјата на Маршаловиот план.

Рано лето 1947 година. Шефот на Џорџ Маршал, претседателот Хари Труман, во анкетите штотуку доживеа ново најниско ниво на популарноста. Во Европа, разорена од војната, по најтешката зима на векот, според зборовите на Маршал, владееја глад, очај, сиромаштија и хаос. Вашингтон штотуку беше усвоил програма за помош од 20 милијарди долари за различни проекти, но не беше расположен да помага за другите жртви, без оглед дали стануваше збор за поранешни сојузници или противници.

Москва, еден од најважните сојузници во победата против нацистичка Германија, предизвика драматична промена како најголем американски ривал во наредниот период. Џорџ Кенан, економски советник во американската амбасада во Москва, во неговата позната „долга телеграма„ од февруари 1946 година предупреди на сталиновото експанзионистичко лудило. Претседателот во март 1947 година ја најави „Трумановата доктрина„ со која Америка се обврза да ги брани Грција и Турција од комунистичката опасност.

Надворешната политика на Вашингтон се наоѓаше пред крстосница, кога Џорџ Маршал на 5 јуни на универзитетот Харвард предложи скоро фантастичен план. Исклучителната војничка кариера го донесе војникот Џорџ Катлет Маршал до позицијата шеф на генералштабот на американската армија на која беше од 1939 до 1945 година. Маршал беше значаен планер и стратег на сојузничките воени напори против хитлерова Германија. Според оценката на Винстон Черчил, Маршал беше организатор на победата.

Претседателот Хари Труман во 1947 година го именуваше за министер за надворешни работи. Опремен со брилијантен штаб во кој се наоѓаа и Дин Ачисон и Џорџ Кенан, Маршал го искористи говорот на Харвард за да зборува за американските обврски кон разурнатата Европа:

„Сосем е логично САД да направат се што е во нивна моќ, да придонесат за закрепнувањето на светската економија„.

На опустошениот континент му недостигаа капитал, машини, суровини, храна и доверба во домашните валути, рече Маршал. Политичката, социјалната и економската катастрофа можат да бидат запрени само со помош на САД , тогаш единствената економска супер-сила. Не е доволен завој, на Европа и треба лекување за да оздрави. Само ако луѓето таму стекнат доверба во економската иднина на своите земји и континентот, можни се политичка стабилност и мир, изјави тогаш Маршал. Тој спомна еден услов:

„Пред американската влада да ги продолжи напорите за подобрување на ситуацијата и да му погне на европскиот свет да најде пат кон заздравување, европските држави мораат меѓу себе да се договорат што им е најитно потребно„.

Со денови говорот на Маршал остана незабележан. Дури и портпаролот на Стејт департментот маршаловата иницијатива ја нарече рутински говор. А, потоа детонираше како темпирана бомба. Маршаловиот план, како што изјави подоцна Черчил, беше најнесебичното дело во историјата.

За неколку месеци Западна Европа постигна согласност за Маршаловиот план финансиран од Вашингтон, што го носеше името„Европска програма за обнова„. Од 1948 до 1951 година од Америка кон Европа пристигнуваа пари, стока и услужни дејности во износ од околу 13,5 милијарди долари – според денешна вредност преку 115 милијради долари. Американските граѓани кои уживаа во мир и се радуваа на потрошувачката, се откажаа од еден процент од нивниот бруто-национален производ во полза на 16 држави на Европа, меѓу нив и Германија од 1948 година. Штотуку основаната Сјузна Република Германија од 1949 стана ифицијална држава - партнер на Маршаловиот план, а тогашниот канцелар Конрад Аденауер веќе можеше да го процени влијанието:

„За економското заздравување на Западна Европа и посебно на Германија, САД во рамките на Мрашаловиот план, но надвор од него толку исклучително и решавачки придонесоа, што во овој момент сакам уште еднаш да им ја изразам благодарноста на германскиот народ. Се радувам што со тој договор и Берлин можеше решавачки да биде поддржан„.

Околу 10 проценти од средствата на Маршаловиот план доаѓаа во Сојзуната Република, не како подарок, туку како кредити. Оној што тогаш одел на училиште ќе се присети на „американската закуска„. Меѓутоа, пред се стануваше збор за тоа да се постават основите на пазараната економија – во Германија и во Европа, како столб против советската експанзија и против идеологијата на комунизмот.

Четири години подцна, на крајот од помошта, индустриското производство во земјите приматели порасна за 36 проценти, а приходите по глава на жител ги надминаа оние од пред војната. Кон средината на 50-сеттите Сојузната Република веќе беше третата најсилна трговска нација во светот.

На сето тоа не треба исклучиво да му се заблагодари на Маршаловиот план, нешто ќе се случеше и без таа помош, но на европскиот и германскиот растеж ќе им требаше многу повеќе време. Особено е важно што големиот план на Џорџ Маршал ја поттикна западно-европската интеграција, ја отвори вратата за НАТО, за заедничкиот пазар, за германско-француското разбирање: накусо за Европа и атлантските односи кои денес се сосема нормална работа.

Денес четири од учесниците на економските самити на седумте најбогати индустрсики држави плус Руисја, се поранешни примачи на помошта од Маршаловиот план. Надвор остана старата средна Европа, Полска, Чехословачка, Унгарија и другите држави пред кои беше спуштена советската железна завеса. Тоа воопшто не беше случајно. Маршаловиот соработник, Џорџ Кенан така ги формулираше условите за учество во маршаловиот план, што Сталин или мораше да одбие или да се откаже од неговата економска ориентација. Маршал мораше да смета на сталиновото „не„, зашто во спротивно немаше да го добие мнозинството на Конгресот за неговиот план. За Москва не беше одобрен ниту долар. По неколку месеци, Прага и Варшава, кои сакааа да учествуваат во Маршаловиот план, беа принудени да го одбијат. Осум месеци по маршаловиот говор, во Прага дојде до преземање на власта од страна на комунистите. Следуваа блокадата на Берлин, берлинскиот воздушен мост, поделбата на Германија, основањето на НАТО, студената војна. Европскиот запад напредуваше, Маршаловиот план ги овозможи основите за внатрешно-европското помирување и што Западна Европа можеше да се потпре врза американските гаранции за безбедност и слобода.

По крахот на социјалистичкиот совет за меѓусебна економска помош, на Запад и Исток се појавија гласови кои бараа обнова на Маршаловиот план. Така, на државите што имаат централно организирана економија, требаше да им се олеснат преминот и тврдата конкуренција на пазарната економија и, како во повоена Европа, да се спречи сиромаштија и економска изолација. Меѓутоа, средноевропските змеји се спротивставија на таквите планови: тие страхуваа од обновена доминација на Русија во економиите на истокот и трагаа по инситуција во која нема да доминира Москва за да фатат приклучок кон пазараната економија. Место Маршаловиот план, се појави западна помош: преку програмите на Светската банка, Европската банка за обнова и развој, преку Европската унија и кредитниот институт за обнова на Германија. Економските цели на овие програми беа слични со оние на Џорџ Маршал и за големиот број од овие држави го поставија патот кон Европската унија. Така, и денес, идеите на маршаловиот план се уште се материјал за успешни приказни.