Историски самит на лидерите на двете Кореи
27 април 2018Кум Јонг Ун стори нешто што на неговите татко и дедо не им паѓаше на памет- зачекори на територијата на Јужна Кореја. Тој е прв севернокорејски лидер, кој го сторил тоа по крајот на војната пред 65 години. Ким и јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, држејќи се за раце, преминаа на двете страни од границата во местото Панмунџом, кое е познато како редовно одредише за контакти меѓу претставниците на двете Кореи.
Ким истакна дека е „исполнет со емоции“: „Сега почнува нова ера, ера на мирот“. Претседателот Мун пак рече дека Панмунџом сега станал „симбол на мирот, а не на поделбата“. Телевизиските снимки од средбата покажуваат посебно срдечно ракување меѓу двајцата лидери, држење за раце и широки насмевки.
Повеќе:
-Северна Кореја најави прекин на нуклеарните и ракетните тестови
-Двете Кореи: Промени преку приближување се можни
На првата сесија на разговорите во Куќата на мирот во пограничното место, според јужнокорејски извори станало збор за денуклеаризацијата и за долгорочен мир на Корејскиот полуостров. За крајот на самитот се подготвува заедничко соопштение, и се очекуваат изјави на Ким и на Мун.
На почетокот на јуни планирана е средба и меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун