1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историската посета на Рама на Белград на 22 октомври

СН/емф/миа/бета31 август 2014

По речиси 70 години, еден албански премиер повторно ќе престојува во официјална посета на Србија. Актуелниот претседател на владата во Тирана, Еди Рама, ќе го посети Белград на крајот на октомври.

https://p.dw.com/p/1D4MN
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Конечно е потврдено дека албанскиот премиер Еди Рама на 22 октомври ќе престојува во официјална посета на Белград. Датумот на посетата лично го потврди и Рама, но и неговиот српски колега Александар Вучиќ, според кого на средбата ќе станело збор за многу битни прашања, но и за зголемување на извозот на српски стоки во Албанија. Потврдувајќи го датумот на посетата, на оваа, како што се оценува, историска посета на албански премиер на Србија, Рама рекол дека албанската влада е определена да соработува со сите земји во регионот во интерес на земјите и народите.

„Ќе го посетам Белград на 22 октомври. Веќе имаме конечен датум. Тоа е чекор напред во правец на иднината. Имаме толку многу нешта да дискутираме, толку многу потенцијал за соработка. Треба да работиме сите во регионот за да обезбедиме, од оваа нова ера на Балканот, луѓето да имаат што поголеми придобивки“, изјави Рама.

На средбата со неговиот српски колега, според медиумите, ќе стане збор за соработката во областите на земјоделието, туризмот, транспортните врски, образованието, зголемувањето на извозот на српски стоки во Албанија, но, секако и за положбата на Албанците во Прешевската Долина (јужниот дел на Србија) и на Србите во Албанија, на кои не им е признат ни статусот на малцинство.

Посетата на Рама е прва посета на еден албански премиер на Србија по посетата на Енвер Хоџа на Белград, во далечната 1946 година.