1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историска мисија на Марс

АТ/ дпа/ ројтерс/ афп21 февруари 2013

Научниците се радуваат на добрите вести од Црвената планета. Роботот „Кјуриозити“ успешно издупчи камен и зема проба. НАСА оценува дека ова е историски момент.

https://p.dw.com/p/17iu3
Фотографија: NASA/JPL-Caltech/MSSS

Научниците успеаја, со помош на роботот „Кјуриозити“ да добијат проба од карпите од планетата Марс. Според информации на НАСА станува збор за првата проба од карпа на Марс воопшто.

Научникот во НАСА, Луизе Јандура на прес-конференција оцени дека ова е историски момент: „Ова е првпат, еден научен робот, некаде надвор, не на планетата Земја да издупчи камен и да земе проба од него“.

Фотографии го документираат успехот

Роботот „Кјуриозити“ пробата ја земал на почетокот на месецот. Со една дупчалка зацврстрена во раката на роботот тој во една карпа направил дупка широка 1,6 сантиметри и длабока 6,4 сантиметри и потоа собрал од правот од карпата колку едно кафено лажиче. Но научниците дури сега со фотографии можеа да докажат, дека роботот навистина успеал да собере прав од Марс.

„Ова е супер резултат - дупчењето беше вистински успех“, изјави научникот на НАСА Скот МекКлоски. „Многумина од нас со години работат на овој момент.“

Marsrover Curiosity benutzt erstmals seinen Bohrer
Со помош на дупчалка „Кјуриозити“ собра прав од карпа на МарсФотографија: Reuters/NASA/JPL-Caltech/MSSS

Повеќе информации за развојот на Марс

Роботот треба да го просее правот од карпата и да го препрати до некои од мерните инструменти кои се вградени во него. Дури потоа би можело да се знае, од што точно се состои карпата, изјави научникот Џоел Хуровиц. „Постои можност да е многу стара карпа, да содржи докази за околностите, под кои била создадена“, нагласи Хуровиц. Соработниците на НАСА се надеваат дека на тој начин ќе дознаат повеќе за развојот на Црвената планета.

За мисијата на планетата Марс да биде успешна НАСА претходно вредно вршеше дупчења. За да биде подготвена за секаков вид на карпи на Марс, НАСА разви осум различни типови на дупчења. На Земјата за таа цел беа направени голем број тестирања: повеќе од 1200 дупки на 20 различни типови на карпи.