1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ИД: бизнис со заложици

Сабине Роси/сн30 ноември 2015

Терористичката организација Исламска држава досега не знае за финансиски проблеми. ИД заработува пари меѓу другото и со продажба на заложници. Посредниците во Турција упатства добиваат преку социјалните мрежи.

https://p.dw.com/p/1HEbX
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Ibrahim

Терористичката организација, која самата себеси се нарекува Исламска држава, важи за најбогата во светот. Нејзините приходи пред сѐ доаѓаат од даноците , царините и казните, кои џихадистите ги собираат од луѓето во областите под контрола на ИД. Еден од другите извори на пари се киднапирањата. Истражувањата на германските регионални јавни медиумски сервиси НДР и СВР покажува преку кои канали ИД преговара со семејствата на заложниците за нивното ослободување. Абу Митхал повеќе од една година им помага на Језидите со откуп да ги ослободат членовите на своите семејства кои биле киднапирани од Исламската држава. „ Честопати за голем број луѓе преговараме директно со ИД, Комуникацијата се одвива преку сите можни канали. Јас лично преговарам преку Whatsapp. На тој начин ја договараме цената“, раскажува Митхал.

Кога припадниците на ИД во летото 2014 година , навлегоа во Синџал, град на северот на Ирак, десетици илјади Језиди избегаа во блиските ридови. Сотитци мажи, жени и деца од ова верско малцинство во Ирак, сепак ен успеаја да побегнат. Џихадистите или ги убиваа или ги земаа како заложници. Во меѓувреме се разви еден вид „онлајн пазар“. Фотографиите на заложници, кои ги добија новинарите од НДР и СВР, беа испратени преку Whatsapp. Меѓу фотографиите беа и оние на кои се Самија и нејзините деца. Абу Митхал би требало да преговара со ИД и за нивното ослободување. Преку Whatsapp беше контактиран од лице блиско на ИД во неговата канцеларија во газијантеп, град на југот на Турција. Овој град од сириската граница е оддлечен околу час и половина возење со автомобил.

IS lässt mehr als 200 Jesiden frei
Фотографија: Reuters/Rasheed

„Ова лице ми кажа каде треба да бидат префрлени парите. Јас сум тој што ги префрлува парите. Потоа сѐ е подготвено за примопредавање“, објаснува Митхал. ИС за Самија и нејзините деца бараб 15 илјади долати. Меѓутоа таа не е единствена чие ослободување го има договорено Абу Митхал. Преку неговата банкарска сметка тој на ИД веќе ѝ има префрлено околу 2,5 милиони долари. Истотака тој не е единствениот кој посредува во ослободувањето заложници. Неговото лице за контакт од „Исламската држава “ веќе го предупредило да се чува од турската тајна служба. Сепак, изгледа дека тој таквите предупредувања не ги сфаќа премногу сериозно. „Откако ги префрлив парите, интернет врската се прекина. Меѓутоа сега врската повторно е воспоставена и пристигнаа сите информации. Моето лице за контакт јави сека парите стигнале на сметка и оти не треба да се грижам за ништо“ , вели Митхал истакнувајќи дека лицето за контакт нема да го измами и ќе го одржи ветувањето: „ И се надевам набргу заложниците ќе се вратат кај нас во добра состојба.

Остатокот од договорената сума пари се врачува при преземањето на бегалците. Дури потоа Самија и нејзините деца се слободни. Во меѓувреме тие веќе се на безбедно место. Преговорите за нивното откупување од ИД траеја речиси еден месец.