1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Исламистичките „загрозувачи“- предизвик за правната држава

Керстен Книп
26 декември 2016

Убиениот осомничен за нападот во Берлин, Анис Амри, германските власти и претходно го имале класифицирано како џихадистички „загрозувач“. Оваа брзо растечка група ја става Германија пред големи безбедносни проблеми.

https://p.dw.com/p/2Un8P
Razzia gegen Islamisten
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken

„Толку многу, како никогаш порано“- со тие зборови германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезие, во септември годинава опиша колкав е бројот на исламисти од кои произлегува опасност во Германија. Конкретно, рече министерот, во прашање се 520 лица.

Оттогаш нивниот број е уште зголемен. Германските служби за безбедност во моментов имаат број од 459 луѓе од кои се заканува опасност - тоа во средата (21.12.) во Берлин го изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи. Меѓу нив бил и осомничениот атентатор врз божиќниот панаѓур во германската престолнина Анис Амри. 

Оние лица од кои се заканува опасност, Де Мезие во септември ги дефинираше како лица „кај кои одредени факти ја оправдуваат претпоставката дека ќе сторат политички мотивирано кривично дело од големо значење“. Прокрај тоа, тука се и дополнителните 360 лица кои германските сојузни покраини ги означуваат како т.н. „релевантни лица“- значи лица кои би можеле да пружат поддршка за време на изведување тешки политички кривични дела.

Fahndungsfoto Anis Amri
Фотографија: picture-alliance/dpa/Bundeskriminalamt

Опасност од повеќе страни

Терористичките закани во моментов стигнуваат од две насоки, вели министерот за внатрешни работи: од една страна, од оние кои се од странство прокриумчарени во Европа за тука да извршат терористички кривични дела. Од друга страна, од фанатизираните поединци од самата Германија. Нивната идентификација претставува голем проблем, бидејќи тие едвај и комуницираат со други лица. Во секој случај, двете групи се опасни. „И опасноста од нив, за жал, е реална“, вели Де Мезие.

Службите за заштита на уставниот поредок во својот годишен извештај за 2015. година наведува две дополнителни групи од кои можат да се регрутираат оние кои претставуваат опасност по безбедноста, а тоа се повратниците од подрачјата на кои се води „џихад“ и оние кои се спречени да отпатуваат во кризните подрачја на Блискиот Исток. Во извештајот се наведува дека опасност постои поради миграција кон Европа: „Со оглед на постојаните миграциски движења кон Германија, може да се појде од тоа дека меѓу бегалците би можело да се најдат активни поранешни членови, помагачи или симпатизери на терористички организации, како и поединци со екстремистички ставови и/или исламистички мотивирани воени злосторници.“

Во извештајот како особено опасни се наведуваат потешкотиите со, во Германија, етаблираните салафистички движења. Тие во Германија, за разлика од исламските земји, не мораат да имаат каков било обѕир кон муслиманската традиција. Поинаку кажано: лидерите на движењата можат да формираат идеолошко-религиска атмосфера според сопствени убедувања. Со оглед на тоа дека на Германија ѝ недостигаат етаблирани теолошки авторитети, таа улога ја преземаат диви толкувања на теологијата.

Архитектите на одделни групи, можат религиските и политичките желби да ги одредат кон сопственото мислење и да ги прилагодат на своите потреби. Таквата „дива“ теологија има свои предности, бидејќи може да се прилагоди на потребите на потенцијалните членови. Таа е флексибилна и може многу полесно да одговори на бројни очекувања, отколку на етаблирана и кодифицирана доктрина.

Irak Kampf um Mossul gegen den IS - Flüchtlinge aus Hammam al-Alil
Фотографија: Reuters/T. Al-Sudaini

Комплексен социјален профил

Регрутирањето нови членови постојано напредува, вели политикологот и социолог Мартин Кал од Институтот за мировни истражувања и безбедносна политика од Универзитетот во Хамбург. Круговите на потенцијални џихадисти опфаќаат лица од сосема различни профили: „Станува збор, најчесто, за млади мажи од муслиманска вера. Тоа е речиси цел социолошки пресек“. Што се однесува до образованието и успехот, постојат тендениции кои постојано се повторуваат. Така, поголемиот број сторители главно доаѓаат од подолните општествени скалила. „И покрај тоа, постои широка социјална слоевитост“, нагласува Кал.

Така што да речеме, вели хамбуршкиот социолог, не можеме да кажеме дека лицата кои доаѓаат од социјално лоши услови се посебно опасни. „Постојат и џихадисти кои доаѓаат од добри социјални услови.“

Фактори на радикализација

Истовремено, Сојузната служба за борба против криминалот (БКА), во студијата објавена во октомври 2016. година, упатува на некои феномени кои интензивно се појавуваат за време на процесот на радикализација. Германските служби на безбедност проценуваат дека од 2014. година во Сирија и во Ирак отишле 572 лица. Тука се вклучени и контактите со одредени џихадисти (48%), посети на џихадистички страници на интернет (44%), т.н. семинари за ислам (27%) или акции за делење на Куранот, како што е организацијата на проектот „Читај!“ (24%). Околу една петтина се радикализира преку членови на семејството.

Властите се загрижени поради работењето на организациите како, во меѓувреме забранетото, здружение „Вистинска религија“. Оваа организација, како што во својот извештај наведе Службата за заштита на уставниот поредок, очигледно соработувала со џихадистички групации. „Воочливо е дека голем број учесници на акцијата за делење на Куранот под името „Читај!“, толку се радикализирале што отпатувале во Сирија или Ирак за да му се приклучат на џихадот.“

Deutschland Salafisten Koran-Verteilung
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Stratenschulte

„Нема едноставно решение“

Мотивите и патиштата за време на процесот на радикализирање, до изведувањето насилни дела, се бројни. Тие во биографијата на секое радикализано лице секогаш се согласуваат на некаков нов начин. Поради тоа, вели политикологот и социолог Мартин Кал, службите ѐа безбедност се пред големи проблеми. „Против тоа не постои лек.“

На меѓународно ниво сега има бран на насилство. Тоа анимира цела низа лица, или да се вбројат меѓу симпатизерите на џихадистите, или да им се приклучат. Да се одвратат овие лица од нивните намери и нивната слика за светот е долготраен и комплексен зафат, вели Кал. „За некои проблеми не постојат едноставни решенија - и такви не смее да вети ни науката, ни политиката.“