1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Интернет страница на Караџиќ

Самир Хусеиновиќ23 јули 2008

Докторот Драган Давид Дабиќ, односно Радован Караџиќ имал и интернет страница на која слободно ги рекламирал и нудел биоенергетските услуги.

https://p.dw.com/p/EiMQ
Караџиќ нудел советиФотографија: www.psy-help-energy.com

Белградската телевизија Б 92 објави интересна приказна за Зоран Павловиќ, човекот кој му изработил интернет страница на докторот Драган Дабиќ. Павловиќ повеќепати се среќавал со Дабиќ, не насетувајќи дека всушност разговара со еден од најбараните луѓе на светот, обвинет за воени злосторства. Гостувајќи во емисија на белградската телевизија Б 92, Павловиќ се присети како на докторот Дабиќ му зборувал и за убавините на Хаг и на Шевенинген.

„Тогаш на Давид, т.е. Радован Караџиќ му реков -знаете што, јас бев во Амстердам , па по пет дена отидов во Хаг и Шевенинген, да видам како им е на хашките затвореници. Потоа реков, знаете, кога ќе дојдете во Шевенинген, тука има коцкарници, хотели, мноштво кафулиња на плажата.“ Не знаејќи кој е, му реков, Давиде, едноставно морате да отидете во Шевенинген, тоа е фантастично место кое мора да го видите.“


Секогаш има помош


Зоран Павловиќ го опишува Драган Дабиќ како „љубезен, паметен и сталожен човек“ кој со својата појава привлекувал доста внимание, поради долгата бела коса и брадата.

„Редица луѓе секогаш го гледаше“, вели Павловиќ.

„Мене ми е чудно и не можам да поверувам дека тој човек е тоа што е“, вели Павловиќ.

Веб страницата на доктор Дабиќ не нуди особени содржини, но сигурно деновиве е една од најпосетените страници. Доктор Дабиќ, кој себеси се нарекуваше хармонизер на енергија, на неа нуди свои производи и мноштво совети за решавање на здравствените проблеми.

Еден од советите на страницата е: „ако се наоѓате во животни тешкотии, не очајувајте, секогаш има помош- веќе никогаш нема да бидете сами и беспомошни.“