Интернет - криминалот мора да се спречи!
5 декември 2003На дводневната есеснка конференција на Сојузната служба за криминалистика, претседателот Улрих Керстен побара подобри рамковни услови за борбата против интернет криминалот. Не е ни чудо, бидејќи се повеќе чувствителни области како електрични централи или пак сообраќајни претпријатија имаат свои страници на компјутерската мрежа и на тој начин може лесно да бидат нападнати од терористи. Известува Валтер Краус:
Сценариото е заканувачко: Само телекомот секојневно известува за голем број напади врз нивните компјутери. Хакерите преку вирусите предизвикуваат милионски штети, а гангстерите се обидуваат преку новата техника да извршат стари типови на деликти. Властите сепак заостануваат зад техниката. Претседатлот на Сојузниот завод за криминалистика, Улрих Керстен вели:
"Станува збор за тоа, да се подобрат рамковните услови за казнено гонење, како и за полициската превенција, односно да бидеме на исто рамниште со виновниците." Валтер Мекиндлер од министерството за внатрешни работи на сојузната покраина Баварија смета:
" Ситуацијата е сменена. Денеска криминалот е глобален, а ние мора да имаме и други можности, за да можеме да го победиме. "
На конференцијата стручњаците се жалеа и на општата правна состојба, се бараше да постои и можност за пристап до податоците на мобилната мрежа. Александар Дикс, ополномоштеник за заштита од Бранденбург вели:
" Безбедносните власти веќе со години се обидуваат да ги придвижат властите кои ги издаваат законите, за да може да се регистрираат сите промени на мрежата, односно да се имаат информции за условите на комуникацијата. "
На конференцијата се побара да се постигне потесна соработка меѓу надлежните органи, економската бранша и корисниците, како и поголема свест на сите за осигурување на податоците. Оние кои работат на системите не смеат веќе да се оправдуваат со тоа дека не може да се спречи проширувањто на казнивите содржини. За тоа постојат софтвери. Сепак шансите на оние кои ги менуваат податоците или пак ги крадат растат. Останува голем темен простор, затоа што многу злоупотреби не се ни забележани ниту пак пријавени. Криминалистите и натаму говорат за растечка закана, која не можат да ја следат, затоа што националните граници и закони ги попречуваат да делуваат брзо и глобално.