Инспиративни жени во науката
Многу жени претставуваат голема инспирација за младите научници, мажи и жени. Тие стојат позади големи откритија, често иако во нивните научни полиња владее сексизмот.
Џин во две полиња
Марија Кири, родена во Варшава во 1903 година, е првата жена која што освоила Нобелова награда и е првата личност што освоила две такви награди. Во 1903 година, заедно со нејзиниот сопруг Пјер и физичарот Анри Бекерел освои Нобелова награда за истражување на радијацијата. Во 1911 година, Марија Кири повторно ја освои престижната награда за хемија за откривањето на радиумот и полониумот.
Раздвојување на двојната спирала
Розалинд Френклин никогаш не освои Нобелова награда, иако многумина веруваат дека заслужува. Френклин работела како рентгенски кристалограф и нејзините истражувања беа основа за откритието на Вотсон и Крик за двојната спирала на човековата ДНК, за која беа наградени со Нобелова награда за медицина.
Insight into insulin
Британската биохемичарка Дороти Хоџкин разви кристалографски техники за истражување на структурите на биомолекулите и освои Нобелова награда за хемија во 1964 година и со тоа стана третата жена која освоила ваква награда. Пет години по добивањето на наградата Хоџкин беше првиот научник кој ја дешифрираше структурата на инсулинот.
Клеточна фонтана на младоста?
Елизабет Блекбурн ја освои Нобеловата награда за медицина во 2009 година за нејзиното истражување на теломерите. Блекбурн е еден од научниците кои го открија ензимот теломераза, кој овозможува регенерирање на теломерите. Теломерите се одговорни за клеточната делба, односно влијаат на процесот на стареење, а исто така можат да се користат во истражувањето на ракот.
Фрлање светлина на животот на шимпанзите
Џејн Гудал се смета за водечки експерт за шимпанза поради нејзиното децениско истражување на нивните социјални и семејни интеракции во Танзанија. Таа често ги именува животните со кои работи поради што се соочи со критика за антропоморфизација.