1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли шанса за целосно помирување во Северна Ирска?

Сузане Хен8 мај 2008

Северна Ирска слави една година откако на власт во земјата е мешана влада од католици и протестанти. Но религиозната поделеност се уште е присутна, особено во образованието. Интегративните училишта се исклучок.

https://p.dw.com/p/Dwl8
Училница во интегративниот колеџ УлидијаФотографија: DW/Susanne Henn

„Најинтересно е тоа што моето прво вработување беше во протестантскиот дел на Белфаст. А јас сум католик. Директорот ми вели: се викаш Јуџин Мартин. Да не имаш уште некое име? Му велам, второто име ми е Џерод. Тогаш ми вели, ние ќе те викаме Џерод бидејќи овде со твоето вистинско име нема да преживееш ниту една недела“, ја започнува својата приказна Јуџин Мартин. Тој денес е професор на училиште, а времињата во кои тој мораше да го скрие своето католичко име од протестантската паравојска во Северна Ирска се минато.

Schuldirektor Eugene Martin, Katholik, Leiter einer integrativen Schule in Nordirland, 6 Prozent nordirischer Schüler besuchen eine offiziell gemischkonfessionelle Schule, Ulidia College
Директорот Јуџин МартинФотографија: DW/Susanne Henn

Мартин раководи со колеџот Улидија во местото Карикфергус, основан во 1997 година како мешано конфесионално училиште. Во него сега учат околу 500 млади од различни религии. Меѓу нив е и 17 годишниот Мајкл кој му припаѓа на католичкото малцинство во регионот.

„Мислам дека беше одлично решение да дојдам тука, бидејќи ја сакам идејата за интегративно образование. Тука можам да научам повеќе и за останатите култури. Претходно кога одев во основно католичко училиште немав таква шанса.“

Општеството останува поделено

Многу млади од Северна Ирска немаат ваква шанса. Општеството и по десет години од мировниот договор останува поделено. Тоа се повторува низ сцени од секојдневието, во соседството, а и на училиште. Се уште во мешаните училишта одат многу помалку деца, објаснува Дебора Гирван од северноирскиот совет за интегративно образование, НЦИЕ.

„Првото вакво училиште е основано во 1981 година и во него учеа 28 ученици. 27 години подоцна имаме 62 интегративни училишта во Северна Ирска во кои учат 19 000 деца. Тоа секако звучи како огромен напредок, но сепак тоа се само 6% од учениците во земјата“.

Во овие 6% спаѓаат и учениците кои го посетуваат курсот по историја во десетото оделение во колеџот Улидија. Денеска на наставниот план стои северно ирската политика. Професорката Алисон Мекбрајд им покажува видео снимка од почетокот на немирите во земјата.

„Уште на почетокот им кажав на учениците дека не им го знаеме личниот беграунд на луѓето кои биле вклучени или засегнати од немирите. Затоа мора да бидеме сензитивни и во ова училиште сме многу толерантни. Имаме и голема почит кон другите“.

Професорите бараат неутрален пристап

Петнаесет годишната Ракел е протестантка.

„Наставата овде е многу добра, бидејќи нашите професори секогаш го наоѓаат вистинскиот понеутрален пат за да ги објаснат нештата. Така ние дома не си заминуваме со чуство, ги мразам католиците, или ги мразам протестантите. Се е’ навистина неутрално“.

Plakat an der Fassade des Schulgebäudes Ulidia College, Carrickfergus, integrative Schule, Nordirland, April 2008
Интегративниот колеџ УлидијаФотографија: DW/Susanne Henn

Сликата е сосема поинаква во населбата во која нејзините католички пријатели повторно се тепаат. Можеби повикот за неутралност е основа за резултатите од последната анкета според која три четвртини од родителите во Северна Ирска сакаат да ги испрататат своите деца во интегративни училишта.

Интегративните училишта поддршка за мировниот процес

Се покажа дека итегративните училишта се добра можност за поддршка на општествениот мировен процес во земјата. Тоа го посакува и Мајкл, кој е пред матура. Но, во Северна Ирска не се работи само за политика.

„Има католички училишта кои одовде се оддалечени на 15 до 20 минути. Има многу и во Белфаст, ама во поголемиот дел од нив учат претежно машки, па затоа не ми се допаѓаат“, вели низ смеа Мајкл.