1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови гастарбајтери од Балканот

СН/ печат
25 октомври 2016

Германскиот весник „Велт“ објаснува какви се условите за легален престој и работа во Германија за заинтересираните од земјите од Западен Балкан.

https://p.dw.com/p/2Rfys
Symbolbild Fachkräftemangel in Deutschland
Фотографија: picture-alliance/dpa

15.500 визи за гастарбајтерите од Балкан: програмата на германската влада за легален влез за економските бегалци во Германија делува и би можела да стане меѓународен модел“, пишува весникот „Велт“. „Во екот на бегалската криза во 2015. година тие масовно доаѓаа во Германија да бараат азил: мигранти од земјите од Западен Балкан- Албанија, Косово, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Оваа група во минатата година поднесе 144.000 барања за азил- иако шансите за позитивно решение беа еднакви на нула.“

„За да се ослободи ситемот од притисок и барем за некои од тие економски бегалци да се обезбеди можност за легален влез во Германија, сојузната влада во рамки на законот за забрзување на решавање на барањата за азил поднесе гастарбајтерска програма за Западен Балкан , која најпрво би требала да важи од 2016. до 2020. година. Истовремено земјите од Западен Балкан се прогласени за сигурни земји на потекло. Спроведувањето на програмата започна успешно- до септември, според информациите на „Велт’, веќе се издадени 15.500 визи.“

„Гастарбајтерската програма е регулирана со членот 26 од Одредбата за вработување. Кога мигрантите од Балканот ќе добијат конкретна понуда за работно место или обука, и Сојузната агенција за труд го одобри барањето на фирмата за вработување на некое лице, тоа лице во својата земја може да добие виза за влез во Германија. Предуслов за тоа е тоа лице во последните 2 години да немало азил, или го повлекло своето барање за азил и доброволно ја напуштило Германија пред стапување на сила на Одредбата во октомври 2015. година.“

Polnischer Bauarbeiter
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert

Сојузната агенција за труд, како што пренесува Минстерството за труд, може да го одобри барањето само ако најпрво се испита дали постои некој граѓанин од ЕУ кој го сака истото работно место- тие имаат предност- и ако условите за вработување не се понеповолни од оние под кои се ангажираат домашните вработени, со што се исклучува можноста за платежен дампинг, пренесува „Велт“: „За економските мигранти од Западен Балкан оваа понуда е очигледно многу атрактивна. Само во првото полугодие во 2016. [...] врз основа на новата гастарбајтерска програма 17.182 лица добија одобрување за работа. Според наводите на Министерството за надворешни работи, во германските представништва во Белград, Подгорица, Приштина, Сараево, Скопје и Тирана до крајот на јуни позитивно се решени веќе 10.000 барања за виза, до крајот на септември, оваа бројка се зголеми на 15.500“, пишува „Велт“.

Весникот „Аугсбургер алгемајне“ пишува дека „Германија останува сама со бегалците“: „Всушност и другите земји од ЕУ би требало да прифатат 40.000 бегалци. Но, Германија досега успеја да врати преку граница само мал дел од нив“. „Даблинскиот договор предвидува лицата кои бараат заштита во Шенген зоната да се вратат во државите во кои за првпат поднеле барање за азил. Германија според наводите на Сојузната канцеларија за миграција и бегалци годинава побара да се примени тоа правило во 40.000 случаи. Но, до крајот на септември, во другите земји врз основа на Даблинскиот договор се вратени само 2.860 мигранти [...] Од друга страна, другите земји во ЕУ според одредбите на Даблинскиот договор вратиле 9.700 мигранти во Германија, бидејќи тие за првпат се регистрирани во таа земја како бегалци- повеќе од една третина се вратени од Шведска, во која дошле преку Германија.“, пишува „Аугсбургер алгемајне“.