„Марш за живот“ во Вашингтон
19 јануари 2019Американскиот претседател Доналд Трамп преку видео порака до учесниците на маршот упати ветување дека ќе вложи вето на кој било закон со кој Конгресот на САД би ја „ослабел заштитата на човечкиот живот“.
„Од Белата куќа до вашите домови, животот повторно победува во Америка“, им рече потпретседателот Мајк Пенс, жесток противник на абортусот, на собраните луѓе кој веќе 46 години јсе спротиставуваат пресудата на Врховниот суд во познатиот случај „Ро против Вејд“, со која на 22 јануари 1973 година беше легализиран абортусот во САД.
Годишнината на оваа одлука е можност за конзервативната и христијанска десница да ги собере своите симпатизери и да бара измени на законот.
Трамп во Врховниот суд постави двајца судии кои се против абортусот, што предизвика страв кај поборниците на правата на абортус дека сегашните прописи би можеле да бидат променети.