1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илјади загинати во Авганистан?

ЖА/дв/дпа/ртре/афп3 мај 2014

Бројот на жртвите по лизгање на земјиште во Авганистан достигна 2.100 лица. Земјената лавина прво поклопила луѓе на свадбена свеченост, а потоа масите срамниле цело село.

https://p.dw.com/p/1BtEI
Фотографија: picture alliance/dpa

Спасувачките екипи и жителите на соседните области ја продолжуваат трескавично работата во провинцијата Бадакшан. Потврдено е дека над 2.100 лица загинаа во лизгањето на земјиштето во планински дел во североисточен Авганистан, изјави денеска портпаролот на гувернерот на провинцијата Бадакшан, Навид Форотан.

„Загинаа над 2.100 лица од 300 семејства“, изјави Форотан.

Обединетите нации вчера објавија дека има околу 350 жртви, од 780 куќи во селото Аб-е-Барик, уништени биле 120. Од лизгањето на земјиштето прво настрадале гостите на свадбена свеченост, 250, а потоа било уништено целото село.

Моментално вниманието на ОН е насочено кон повеќе од 4.000 раселени по вчерашната катастрофа, поради опасноста од ново лизгање на земјиштето во областа. Причина за лизгање на земјиштето се минатонеделните поројни дождови во областа. Минатата недела поплавите во четири авганистански провинции однесоа над 100 човечи животи.

„Во изминатите седум дена поради природни катастрофи загинаа повеќе Авганистанци отколку во цела 2013. година“, изјави координаторот на помошта на ОН за Авганистан, Марк Боуден.

Петокот во муслиманските семејства може да се спореди со недела во христијанските-мнозинството семејства за време на несреќата се наоѓале дома. Куќите во оваа област се главно изградени од глина, а дождовите и поплавите лесно ги уруваат. Авганистанскиот претседател на заминување, Хамид Карзаи, изрази жалење поради катастрофата. Американскиот претседател Барак Обама понуди помош за настраданите.