1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изгуглано!

Бернд Ригерт
19 јули 2018

ЕУ го казнува Гугл. Критичарите ќе забележат дека таквата одлука е насочена против Америка. Но, тоа не е точно и само покажува како постапуваат американските компании за да ја потиснат конкуренцијата, смета Бернд Ригерт.

https://p.dw.com/p/31knu
Google Android - IT-Unternehmen l Strafen
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Dernbach

Рекордната казна која ЕУ ја одреди против американскиот концерн Гугл и неговата сестринска фирма Апфабет, до сега нема никаква врска со нарушените трансатлантски релации. Од Белата куќа или пак од националистичко-конзервативните приврзаници на американскиот претседател повторно ќе се слушаат спротиставени мислења. Слични процеси има и во Индија и во Турција. Доналд Трамп може да го сфати нападот на американски компании кои ја злоупотребуваат својата позиција на пазарот како напад врз него. Секако, како и за многу други нешта, не е во право кога мисли дека “жената со даноците ја мрази Америка”. Трамп со тие зборови минатата недела се жалеше за европскиот комесар за заштита на конкуренцијата, Маргрете Вестагер, која ги води истрагите против Гугл и други компании. Данската комесарка е релаксирана. За неа по долгогодишните истраги е јасно дека интернет гигантот ја користи својата позиција во системот Андроид за да пласира сопствени производи и со тоа да заработи повеќе пари.

Веќе долго време Европската комисија ги има Гугл, Епл и Амазон под лупа, не зарадит тоа што седиштето им е во САД, туку заради тоа што можеби ја злоупотребиле својата многу успешно зацврстена позиција во ЕУ. Толку големи европски концерни со таква пазарна моќ не постојат.

Повеќе: 

-ЕУ со рекордна казна за Гугл

-ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување

-„Гугл“ во војна со Европа

Американските власти го оставија Гугл нечепнат

Секако дека интернет концерните профитираат од тоа што во нивната матична земја анти-монополските правила се строги, но не се применуваат консеквентно. Слична постапка против Гугл имаше и во САД уште во 2013 година, но се заврши спогодбено. Новиот директор на Сојузната комисија за трговија, која е задолжена за заштита на конкуренцијата би можела повторно да го отвори процесот против Гугл. Истовремено шефот на Управата кој е назначен од американскиот претседател Доналд Трамп, под лупа ги зема и Фејсбук и Амазон.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт, автор на коментарот

ЕУ го прави само она што Американците требаше да го направат, имено подетални контроли и да не обесхрабруваат од маркетиншките фрази и приказните на лобистите. Европската комисија се активира по антимонополски прашања кога конкуренцијата основано се жали на недозволени методи. Националните мотиви притоа ретко играат некаква улога.

Дали Гугл или други компании ќе ги променат нивните корпоративни стратегии по високите казни, не се знае. Ќе мора да се сочека и исходот од процесот пред Европскиот суд. Тоа може да трае 2 до 4 години, но во слични ситуации речиси секогаш се одлучувало во полза на ЕУ.

Казната од пет милијарди долари за Гугл, може да изгледа висока. Но, треба да се земе предвид и дека злоупотребата се случувала со години, во кои се остварувани дебели профити. Гугл наводно располага со готовина од 90 милијарди долари, така што казната може да се соџвака. Скапо ќе биде ако судот најде дека Гугл не се придржува на новите барања на Европската комисија. Тогаш ќе биде казнет со дополнителни 6,5 милијарди долари и тоа секоја година.

Трамп работи против Амазон

Самиот Трамп остро ја критикуваше продажната интернет платформа Амазон, бидејќи според негово мислење ги уништува малите продавници во реалниот свет. Покрај тоа, основачот на Амазон, Џеф Безос, е сопственик и на весникот Вашингтон пост, кој нагласено критички ја следи работата на Трамп во неговиот мандат и дневно обелоденува нови приказни од кланот Трамп од Белата куќа.

Безос го оквалификува Трамп како личен непријател, па не зачудува тоа што претседателот токму него го има на пик. Не може да се негира дека Амазон де факто има врвна позиција на пазарот во Америка. Тоа е уште една причина зошто Сојузната комисија за трговија сака да го контролира неговиот  бизнис. Срамота за оној што во тоа гледа политички мотиви.

 

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија