Изградба на спорни патишта во срцето на Шара
26 јули 2017Реклама
Агенцијата за пасишта вели дека ги има добиено сите потребни дозволи од македонската влада за изградба на патиштата во месноста Лешница, кои ќе бидат долги по пет километри. Таа ги негира тврдењата на платформата „Пријатели на Шар планина“ дека овие патишта ќе го уништат биодиверзитетот, уникатните планински патишта и пејсажите во месноста Лешница. Платформата бара заштита на месноста до прогласувањето на Шар планина за национален парк, што ќе значи и забрана за сите градежни активности таму. Повеќе детали во видео-приказната на колегите од Види Вака: