Изборите во САД низ карикатури
Доналд Трамп или Џо Бајден? Досегашната кампања за претседателските избори во САД на 3 ноември понуди многу материјал за карикатуристите ширум светот.
Претседателска тепачка во кал
Што се случи по ѓаволите со културната политичка дебата во САД? - се прашува чешкиот карикатурист Маријан Каменски заедно со остатокот од светот. Првата конфронтација на ТВ меѓу противниците за функцијата претседател дегенерираше како во тепачка во кал. Наместо да се служат со аргументи, тие се навредуваа меѓусебно.
„Валкани тактики“ и тежок терен
Kандидатката за потпретседателка на САД на Демократската партија, Камала Харис, спомена „валкани тактики“ на сегашниот претседател. Демократите се чувствуваат дека се движат по тежок терен, смета и германскиот карикатурист Јенс Крике. Доналд Трамп се чини дека не се грижи за тоа, тој изгледа дистациран, како злобна вештерка од бајка.
Фалбаџиска пропаганда
Овој претседател обожава суперлативи, тој тврди: „Јас сум најмалку расистичката личност што некогаш сте ја виделе.“ „Никој нема поголема почит кон жените од мене.“ „Јас разбирам повеќе за парите од другите“. И, се разбира, САД никогаш немале подобар претседател. Но, во овој скеч на Мартин Ерл, Трамп го фали фотографот како „еден од најдобрите во светот“.
„Заспаниот Џо“ и „Кловнот“
Бајден е „заспан старец“ и „марионета на радикалната левица“, вели Трамп, Бајден пак, го Трамп критикува Трамо расист, лажго, кловн и „најлошиот претседател кој Америка некогаш имала“. Италијанскиот уметник Кристи ги сведе овие препукувања во една карикатура.
Инфантилно однесување
И луѓето во Африка се зачудени од недржавничкото однесување на Трамп. Карикатуристот Дамиен Глез од Буркина Фасо го гледа претседателот како мал неранимајко, кој сака да биде по негово без оглед на цената. Она што не одговара, со сила ќе биде направено да одговара. Со надеж е дека не е удира по нуклеарното копче.
Трампѕила
Првиот јапонски филм „Гоѕила“ се појави на екраните во 1954 година. Каде и да помине огромниот гуштер остава пустош. Карикатуристот Такеши Кишино очигледно е развивањето на агресивниот претседател на САД во огромното чудовиште Гоѕила. Може ли Џо Бајден да има шанси против оваа Трампѕила?
Алфа мажите се држат заедно
Доналд Трамп ужива во друштво на лидери кои не се многу загрижени за демократските норми: Путин, Ердоган и севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун. Холандскиот карикатурист Тјерд Ројардс смета дека заедничко на овие политичари е архетипското ривалско однесување на самонаречени алфа-мажи. Трамп, од друга страна, го нарекува Џо Бајден „слаб старец“, односно за него тој е несериозен противник.
Не ги викајте преселувачите
Трамп повеќепати јасно стави до знаење дека сака да остане во Белата куќа. Доколку ги загуби изборите, тој досега експлицитно не се согласил на мирна транзиција, велејќи само: „Па, ќе видиме што ќе се случи.“ Тој веќе ја повика својата база да протестира доколку не биде реизбран. Но, што ако Бајден стане претседател?
Стабилна династија
Трамп, исто така, го доведе во прашање американскиот устав со кој се забранува трет мандат. Дали размислува за доживотно претседателство? Целото семејство често се појавува на митинзите за кампањата, вклучувајќи го и најмладиот син, Барон, што можеби ја поттикна визијата на германската карикатуристка Кристијане Фолман за раѓањето на монархија во САД.T