1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избори во САД: Што ако нема јасен победник на изборната ноќ?

Саманта Бејкер
3 ноември 2020

Бројните гласачи по пошта и длабокиот политички раскол може да го одложат брзото објавување на резултатите од претседателските избори во САД. Кои сценарија се можни на денот на изборите на 3 ноември 2020 година и потоа?

https://p.dw.com/p/3kn8u
USA Wahl Wahltag 2012 Anhänger der Demokraten
Фотографија: picture-alliance/dpa

Вообичаено, резултатите од изборите во САД пристигнуваат во текот на изборната ноќ. Во раните утрински часови, поразениот кандидат во официјално обраќање го признава својот пораз.

Но, годинава, рекорден број Американци решија да гласаат по пошта поради загриженост од пандемијата на коронвирусот. Ова значи дека пребројувањето на гласовите ќе трае подолго, така што „изборната ноќ“ може да трае со денови, па дури и со недели. На ова треба да се  додадат и сомнежите кај некои републиканци во врска со кредибилитетот на поштенското гласање и повтореното одбивање на претседателот Доналд Трамп да вети дека ќе го признае официјалниот резултат на изборите. Сето ова може да доведе до хаотичен постизборен период.

Следниве сценарија можат да се замислат за изборите во САД во 2020 година:

Гласањето по пошта го забавува процесот

Поради пандемијата на коронавирусот, според весникот „Њујорк тајмс“ биле побарани или испратени 81,7 милиони поштенски гласачки ливчиња за општите избори. Експертите проценуваат дека секој втор глас би можел да дојде по пошта.

USA Präsidentschaftswahlen | Ohio
Фотографија: Ty Wright/Getty Images

Во Колорадо, Орегон, Вашингтон, Јута и Хаваи, тоа не е проблем. Изборните работници таму се запознати со постапката. На другите сојузни држави, кои пак од март им го олеснија на граѓаните гласањето по пошта,  би можело да им е потребен  ден или повеќе за да ги пребројат гласачките ливчиња испратени по пошта - особено на оние држави кои смеат да ги бројат ливчињата само на денот на изборите, на пример т.н. „Battleground States’ ( „држави - бојно поле“) како Висконсин и Пенсилванија. Во овие „изборно колебливи држави“, и републиканците и демократите имаат добри шанси да победат на изборите.

Повеќе:

-Кој ќе го избере следниот американски претседател?

-Американски избори: 5 клучни теми

-Трамп или Бајден– малку ќе промени во надворешната политика на САД

За време на прелиминарните избори во март годинава, на државите им беа потребни во просек по четири дена за да ги објавати речиси комплетните резултати, открива анализата на „Вашингтон пост“.

„Изборните менаџери на оваа земја, администраторите, се многу, многу ангажирани“, објаснува Еди Голденберг, професор по јавна политика и политички науки на Универзитетот Мичиген. „Мислам дека тие се справија со многу од потешкотиите, кои беа забележани за време на прелиминарните избори“.

На општите избори во ноември, државите ќе обработуваат многу повеќе гласачки ливчиња отколку за време на прелиминарните избори. Некои држави ги продолжија своите рокови за прифаќање на гласови дадени по пошта до средината на ноември, доколку тие имаат поштенски марки од денот на изборите - вклучително Пенсилванија, Северна Каролина и Мичиген, т.н. Swing States", или „изборно колебливи држави“, во кои ниту една партија не доминира.

Symbolfoto I Briefwahlen in den USA
Фотографија: picture-alliance/AP/N. Harnik

Дури и  во државите каде гласачкото ливче мора да пристигне  до денот на изборите, пребројувањето на гласовите може да потрае и до една недела .

„Тешко е да се предвиди нешто“, рече Голденберг. Некои сојузни држави ќе знаат веќе во изборната ноќ како стојат во однос на дадените гласови. Но, многу од нив нема да знаат.

Сомнежи во врска со гласањето

Во пресрет на овие избори, претседателот Трамп и другите републиканци го доведоа во прашање кредибилитетот на поштенското гласање , иако случаите на измама при гласањето по пошта - како и генерално изборната измама- е многу ретка,  вели анализата на „Њујорк тајмс“.

Самиот претседател го испрати своето гласачко ливче по пошта, а  истото го стори на последните избори за Конгресот и  на прелиминарните избори во Флорида годинава.

Трамп е „загрижен за одредени држави кои автоматски испраќаат гласачки ливчиња до секој регистриран гласач“, изјави за ДВ вршителот на должноста заменик-секретар на Министерството за внатрешна безбедност, Кен Кучинели. 

USA Townhalls Fragestunde Trump Biden
Фотографија: Jim Watson/Brendan Smialowski/AFP/Getty Images

 Но, тоа овојпат ќе биде поинаку. Имено, шест од десет граѓани со право на глас сакаат да гласаат лично на гласачкото место (80 проценти републиканци и 40 проценти демократи). Останатите 4 од 10 гласачи ќе го заокружат својот избор на поштенското гласачко ливче, предвидува тинк-тенк институтот Брукингс.

Различното планирано однесување при гласањето на приврзениците на  демократите и на републиканците ќе има влијание врз проекциите за изборниот резултат. Така прелиминарните анкети од избирачките места првично би можеле да покажат водство на републиканците, додека подоцна резултатите од пребројувањето на поштенските гласачки ливчиња би  можеле да покажат пораст на гласовите за демократите.

Избори за правниците?

И демократите и републиканците сметаат на правни конфликти по изборите. Досега имено  се поднесени 365 тужби во врска со изборите и двете кампањи пред изборите составија впечатливо големи правни тимови .

Повеќето тужби за тоа како се спроведуваат изборите ќе бидат решени во  судовите на сојузните држави, вели Брус Акерман, експерт по уставно право и професор по право на универзитетот Јеил.

Тој и другите експерти сметаат дека е малку веројатно дека ќе видиме повторување на случајот Буш против Гор од 2000 година пред Врховниот суд на САД, кој всушност го одлучи исходот на тие претседателски избори, и покрај тоа што претседателот Трамп изнесе поинакви тврдења.

„Случајот Буш против Гор имаше негативни последици за Врховниот суд на САД“, вели Акерман за ДВ. „Тоа беше преседан, кој ги шокираше правните научници од целиот спектар.“

Она што Акерман всушност го вели е дека е поверојатно оти Конгресот ќе го избере победникот.

Конечната одлука мора да падне во јануаруи

Доколку ниту еден кандидат не обезбеди мнозинство од изборните гласови, поради нерешен резултат од гласањето или нерешените спорови околу гласовите во поединечни сојузни држави, новоизбраниот Претставнички дом на Конгресот тогаш би одлучувал кој ќе биде претседател најдоцна до 6 јануари, како што е предвидено во Уставот на САД. Последен пат тоа се случи во 19. век.

Понатамошно компликување на работите може да има ако сојузните држави не ги изберат своите електори до 8 декември - можеби поради тоа што сè уште ќе се во тек судските спорови - Конгресот не мора да ги прифати резултатите од нивната сојузна држава.

Што ќе се случи ако до денот на инаугурацијата на 20 јануари, не биде донесена одлука за идниот претседател? Тогаш функцијата ја презема  избраниот потпретседател или спикерот на Претставничкиот дом, во зависност од тоа дали Сенатот го има избрано потпретседател до 20. јануари.

Прифаќање на резултатите

Друг можен исход е Трамп да одбие да ги прифати изборните резултати ако загуби. Како одговор на коментарот на Трамп во септември,  дека „мора да видиме што ќе се случи“, американските сенатори едногласно усвоија резолуција со која се гарантира мирна транзиција на власта.

Многу набљудувачи на изборите се надеваат дека резултатите ќе бидат доволно јасни и оти нема да дојде до тоа.

„Јас генерално сум оптимист дека ќе биде така затоа што интересот за изборите е исклучително голем“, вели Голденберг. „Навистина мислам дека во ноември ќе спроведеме разумно непроблематични  избори.“