1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборен дебакл на Ле Пен и на Макрон

СН/агенции
28 јуни 2021

Ова беше последниот тест на расположението на гласачите пред претседателските избори во Франција: Во вториот круг на регионалните избори, партиите на Марин Ле Пен и на Емануел Макрон останаа со празни раце.

https://p.dw.com/p/3vftm
Frankreich | Regionalwahlen | Stimmabgabe Emmanuel Macron
Фотографија: Johan Ben Azzouz/MAXPPP/dpa/picture alliance

Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, „Република во движење“, оствари многу лош резултат во вториот круг на регионалните избори со вкупно освоени 7 отсто од гласовите, а малку подобро помина деничарско популистичката партија на Марин Ле Лен, „Национален сојуз“, која освои околу 20 насто.

Најдобар резултат на регионалните избори оствари десничарската партија Републиканци, која доби доверба од 38 отсто од избирачите, а следуваше коалицијата на партиите на Социјалистите и на Зелените со над 30 проценти.

Frankreich | Regionalwahlen | Marine Le Pen
Фотографија: Sarah Meyssonnier/REUTERS

Ле Пен во регионалните избори влезе со амбиција да освои повеќе региони, што ќе беше голем поттик за претседателските избори во наредната година, но нејзините кандидати не победија ниту во еден регион.

Повеќе:Франција: Шлаканица за Макрон, изјаловени очекувања за Марин Ле Пен

Таа најголеми шанси требаше да има во регионот Прованса-Алпи-Азурен брег, но излезните анкети покажаа дека нејзиниот кандидат освоил 44,2 насто од гласовите, а претставникот на Републиканците 55,8.

Слично заврши и трката во регионот О де Франс, каде убедливо победи конзервативецот Завије Бертран со 52,7 отсто, пред кандидатот на партијата „Национален сојуз“ кој освои 25,9 и кандидатот на Левицата со 21,4 отсто од гласовите.

Во најбогатиот и најнаселен регион Ил де Франс, кој го опфаќа и Париз, со 45 насто од гласовите победи конзервативката Валери Пекрес. Зад неа се кандидатите од Зелените со 35 и претставниците од Националниот сојуз и од Република во движење со по 10 отсто од гласовите.

И вчерашниот втор круг од изборите ги обележа исклучително мала излезеност, бидејќи гласаа само 33,7 отсто од избирачите.