1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иднината носи очила

Вофганг Бернерт/сн22 февруари 2016

На Светскиот конгрес за мобилна телефонија во Барселона, Самсунг ги претстави своите нови модели Галакси С7 и С7 Еџ. Впечатлив тренд покрај тоа e и виртуелната реалност. На презентацијата дојде и Марк Закерберг.

https://p.dw.com/p/1Hzkn
Фотографија: Reuters/A. Gea

Вака или слично според претставите на Самсунг и на основачот на Фејсбук, Марк Закерберг ќе изгледа иднината. Самсунг го претставува хардверот- на пример очила за виртуелна реалност- и Фејсбук заедницата снима соодветни 360-степенски филмови

„Виртуелната реалност е следната платформа, на која секој може да создава и доживува сѐ што сака. Во моментов таа се користи главно за играње и за забава, но тоа брзо се развива. И еден ден ќе бидеме во можност да ставиме ВР-очила и тоа ќе го промени начинот на кој живееме , работиме , комуницираме“, истакна Марк Закерберг, основач на Фејсбук.

Погледнете го видеото на оваа тема:

Виртуелната реалност во тренд

Самсунг во Барселона претстави соодветна 360-степенска камера. Со неа секој може да снима такви филмови.

„Мислам дека е многу занимливо. Единствен проблем изгледа дека е тоа што е поврзана само со Галакси С7. Ќе беше извонредно ако функционираше апсолутно на секој смартфон“, вели Георгес Кекеу, од компанијата Лавенир.

Помалку изненадувања наспроти тоа имаше кај двата нови врвни смартфона на Кореанците. Поинаку од моделите-претходници, новите се повторно отпорни на вода и нудат место за мемориска картичка. Покрај тоа смартфонот прави подобри фотографии во лоши светлосни услови.

Кај ЛГ од Јужна Кореја пак ѕвезда е батеријата. На новиот топ-смартфон таа може лесно да се промени, па и покрај тоа има елегантно метално куќиште. За поголема сензација меѓутоа се погрижија новите ВР-очила

„Не можам да ги тргнам очилата. Многу се лесни, многу компактни. Видното поле ми е добро. Се навикнувам на нив“, ги сподели своите искуства Дејвид Коген од компанијата Анлокр.

За многумина, меѓутоа, и натаму е потребно навикнување на снимките од такви 360 степенски камери.