1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов: Самарас бега од проблемот што го создаде

ЖА/макфакс/миа19 јули 2013

Немаме соговорник со кого би можеле да дојдеме до решение, другата страна избегнува разговори, изјави претседателот Иванов по негативниот одговор од грчкиот премиер Самарас за нови средби за решавање на спорот за името.

https://p.dw.com/p/19AnB
Фотографија: MIA

„Проблемите кои ние ги имаме во регионот, секој пат се решаваат со дијалог и разговор. Затоа го посочивме примерот со Хрватска и Словенија. Словенија како земја-членка на Унијата беше принудена европски да се однесува кон земјата-кандидат. Меѓутоа, решенијата да се водат паралелно преговорите и решавањето на проблемот беше постигнат меѓу Словенија и Хрватска. Седнаа во Љубљана и во Загреб, и дојдоа до решение, а ние тоа го немаме. На секоја наша иницијатива добиваме негативен одговор. Всушност, што да очекуваме од човекот кој го создаде проблемот, и сега сака едноставно да се оттргне од решение од тоа што тој го создаде пред две децении“, посочи претседателот Иванов.

Околу барањата на СДСМ за меѓупартиски консултации по ова прашање, Иванов вели дека државниот врв постојано се координира, и дека доколку се констатира политичка основа дека постои потреба за средба меѓу партиите во земјата, тогаш најверојатно и ќе дојде до таква.