ИАЕА Нобелова награда
9 декември 2005Меѓутоа, огромниот развој на атомската техника во земјите во развој како Индија или Пакистан, кои веќе имаат бомби, како и можеби Иран, Меѓународната агенција за атомска енергија не можеше да го спречи. Оттаму, нејзините инспектори и денес играат важна улога. Денеска (10.12.05) агенцијата и нејзиниот шеф Мохамед ел Барадеи во Осло ќе ја добијат годинашнава Нобелова награда за мир.
Светската јавност се уште беше во шок од ужасното дејство на атомските бомби фрлени врз Хирошима и Нагасаки, кога американскиот претседател Двајт Ајзенхауер во декември 1953 година зборуваше пред собранието на Обединетите нации. Знаењата на страшната технологија веќе не ги поседуваат само САД, туку и Советите веќе тестираа таомски бомби, рече Ајзенхауер. Затоа изнесе мировен предлог:
„Главно засегнатите држави во рамките на понудената претпазливост можат да започнат заеднички со користење ураниум преку меѓународната агенција за атомска енергија„.
Тие материјали и технологии требаше да им се даваат и на други држави до колку се откажат од атомско оружје. Проектот носеше име „Атоми за мир„ од кој потоа произлезе Меѓународната агенција за атомска енергија ИАЕА која има седиште во Виена. Размената функционираше со децении. Многу земји во развој беа благодарни за нуклеарната помош, не само во производството на струја, туку и во лекувањето на ракот, во земјоделството или во потргата по вода. Беа подготвени да се откажат од атомско оружје кое смееја да ги имаат само големите 5: Кина, Русија, САД, Франција и Велика Британија. Меѓутоа, агенцијата не можеше да спречи Пакистан, Индија и Израел да градат атомско оружје, а со тоа се занимаваат и Северна Кореја и Иран. До толку се поважни инспекторите на агенцијата. Еден од нив е италијанската нуклеарна инженерка Рафаелина Ијанири. Во многу земји контролите се одвиваат без проблеми, но не секогаш, вели:
„По малку непријателска беше атмосферата во Северна Кореја. Таа е чудна држава. За мене е неверојатно што таква земја егистира и во 2005 година. Нам не ни беше дозволен никаков контакт со луѓето. Но кога возиме низ селата гледаме во какви услови живеат„
Шефот на агенцијата Мохамед ел Барадеи им задаваше главоболки на Американците во случајот Ирак. И покрај тврдењата на Вашингтон тој опстои на тоа дека нема знаци за илегална атомска програма чие постоење Американците до денес не можат да го докажат. Овој став беше решавачки за добивањето на Нобеловата награда за мир. Барадеи слично настапува и за следната тема: Иран. Ел Барадеи засега не гледа јасни докази на програма за атомско оружје, како што тврдат Американците:
„Тие можеби имаат право, а јас грешам. Меѓутоа, во случајот Ирак тие беа во заблуда, а јас имав право„.
Меѓутоа, и Европејците сметаат дека Иран мора внимателно да се посматра, посебно откако Техеран ова лето повторно започна со подготовките за збогатување на ураниумот. Притоа, сепак подлежат на прецизното посматарање од контролорите на ИАЕА, вели Масимо Апаро одговорен за инсталирањето видео – камери:
„Ги замоливме да сочекаат додека ги монтираме камерите„.
Иран, Северна кореја, заштита од нуклеарен тероризам. И по 50 години од основањето на инцијативата „Атоми за мир„, ИАЕА во Виена има уште многу работа.