1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Грција и Турција ќе мора да попуштат во Медитеранот

Јанис Пападимитриу
29 август 2020

Во актуелниот конфликт меѓу Грција и Турција во источниот Медитеран, правото е на страната на Атина. Сепак, грчките лидери ќе мора некаде да попуштат за да се постигне компромис, смета Јанис Пападимитриу

https://p.dw.com/p/3herX
Türkisches Forschungsschiff Oruc Reis zur Gaserkundung im Mittelmeer
Фотографија: picture-alliance/AP/Turkish Energy Ministry

Како деценискиот конфликт меѓу Грција и Турција околу Кипар и Егејското море да не беше доволен, сега и ова: НАТО партнерите се во судир околу правата за територијалните води во источниот Медитеран. И едните и другите во регионот гледаат своја ексклузивна економска зона, која може да ја експлоатира само едниот.
Последниот конфликт беше започнат од турски брод кој ги истражуваше залихите на гас во спорните води. Во овој случај, јасно е дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сака ексклузивен посед на пронајдокот и економските бенефити кои тој може да ги донесе.

Без правна основа

Правните спорови во вакви комплексни случаи се решаваат согласно Конвенцијата за море на ОН, договор кој ги дефинира правата во светските океани. Турција не беше меѓу потписниците кога таа беше донесена во 1982. Сепак, правните експерти се речиси едногласни во верувањето дека правилата на конвенцијата се дел од меѓународното право, и со тоа обврзувачки за сите нации.
Но Турција тоа не ја интересира. Наместо тоа, Анкара го користи билатералниот договор со Либија како оправдување за правото да извлекува природен гас од брегот покрај Кипар и Крит. За таквите акции нема оправдување.
Меѓународната заедница не може и не смее да го прифати однесувањето на Турција. Но што да се прави? Прво, натамошните агресивни и провокативни поморски акции мора да престанат- доколку е можно преку разговори, а доколку е неопходно со целни санкции. Идејата за војна во Медитеранот, и притоа меѓу НАТО партнери, звучи неверојатно апсурдно. Проблемот е што, многу апсурдни нешта се случуваат во тој дел од светот.

Jannis Papadimitriou für App PROVISORISCH
Јанис Пападимитриу

Обете страни треба да попуштат

Во идеална ситуација, Меѓународниот суд на правдата во Хаг би посредувал меѓу двете страни, доколку обете ја прифаќаат јурисдикцијата на судот и се прогласат подготвени да ги прифатат неговите одлуки. Работите речиси стигнаа дотаму на почетокот на векот, но во 2004 година Атина се повлече, откако владејачките конзервативци се исплашија дека одлуката можеби нема да биде во целост во корист на Грција. Тој пример покажува дека Атина мора да се откаже од дел од своите идеали- а еден од нив е концептот дека целото Егејско море е поморски регион кој и припаѓа ексклузивно на Грција.