И Вардар директно во групите на Лига на шампионите
20 јуни 2014Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар доби право директно да се натпреварува во групната фаза од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ поднесоа барање до ЕХФ (Европска ракометна федерација) откако се знаеше дека Македонија има само едно место во Лигата на шампионите (првакот Металург).
ЕХФ го прифати барањето за „вајлд карта“ за Вардар, а одлуката е донесена врз основа на: квалутетот на клубот, финансиската моќ, интересот кај публиката, ТВ–покриеност.
Покрај Вардар уште пет екипи ја добија оваа шанса за директен настап во групите. Тоа се: ПИК Сегед, Висла, Алборг, ПСЖ и Монпеље.
Во групната фаза вкупно 21 екипа имаат изборено пласман, а другите 12 ќе играат квалификации (три турнир како фајнл фор завршница) со што ќе биде комплетирана бројката од 24 екипи.
Втора сезона по ред Македонија ќе има две екипи во групната фаза од Лигата на шампионите. Извлекувањето на групите ќе се одржи на 27 јуни.