1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Патување

Зошто одеднаш многу Индијци доаѓаат во Србија?

24 јули 2021

Во последните недели во Србија нагло порасна бројот на туристи од Индија. Што ги привлече? Одговори побара репортерката на ДВ во Ниш.

https://p.dw.com/p/3wgW0
Indische Staatsbürger in serbischer Quarantäne
Фотографија: Jelena Djukic Pejic/DW

Во еден хотел во Ниш се игра некаков чуден спорт. Група Индијци, доста гласни и низ смеа во еден дел од дворот играат крикет. Во останатиот дел пак друга група Индијци се одмора гледајќи видео клипови на јујуб пуштени на најгласно. Овде се сместени околу 170 Индијци кои чекаат да им дојде денот за да отпатуваат таму каде што всушност тргнале – во Саудиска Арабија.

До тогаш седат во карантин во Србија бидејќи поради делта сојот нивната земја се наоѓа на листата високоризични земји од корона вирусот. Србија од друга страна е на зелената листа така што тоа значи доколку овие лица седат во карантин во Србија,  по истекот со негативен ПЦР тест потоа слободно ќе можат да патуваат во трети земји – Америка, Канада, Велика Британија, во ЕУ или во нивниот случај во Саудиска Арабија.

Indische Staatsbürger in serbischer Quarantäne
Фотографија: Jelena Djukic Pejic/DW

 Преку Србија до Саудиска Арабија

 Шеих Дауд е машински инженер и еден од 170-те Индијци гастарбајтери, кој во хотелот во Ниш дојде преку организираниот чартер лет од Њу Делхи преку Белград.

„Ние сме вакцинирани, но не можеме поинаку да влеземе во Саудиска Арабија освен да престојуваме претходно во некоја зелена зона како што е Србија. Исто така за Србија не ни е потребна виза така што ни одговара како дестинација.  А и времето овде е супер, кај нас е потопло. Земјата е многу убава и кога ќе излеземе од карантин ќе имаме уште неколку денови за да прошетаме и да посетиме дел од знаменитостите,“ вели Шеих за ДВ.

Ова патување го чини околу 1500 евра но тоа е единствениот начин да се вратат на работа.

Хотелот „Видиковац“ не е единствениот во Ниш кој нуди сместување на гостите од Индија. Вакви услуги како карантин за странци нудат и хотели во Белград, Чачак, Књажевац и многу други градови.

Indische Staatsbürger in serbischer Quarantäne
Фотографија: Jelena Djukic Pejic/DW

Така се роди терминот „карантин туризам“ што претседателот и премиерката на Србија го негираат. Додека претседателот Александар Вучиќ во медиумите изјавува дека Индијците како и други странци доаѓаат да се вакцинираат во Србија, премиерката Ана Брнабиќ изјави дека во Србија постојат јасни процедури како може да се влезе во земјата, а тоа е само со доказ за вакцинација или негативен ПЦР не постар од 48 часа.

Прикриени информации

Велат дека сите 170 Индијци кои престојуваат во Ниш се вакцинирани. Но проблемот е како тие стасале во хотелот во кој се сместени. Сопственичката на хотелот е Светлана Миладиновиќ и вели дека агенцијата од Црна Гора со која таа преговарала премолчела за каков вид на гости се работи.

„Јас тешко ја доживувам оваа епидемија. Го загубив сопругот и самата заболев од коронавирусот така што никогаш не би прифатила ова да биде карантински хотел. Ми се јавија од агенцијата и ме прашаа дали имам капацитет за 170 лица по 20 евра дневно, полн пансион. Тоа е смешна цена, но со оглед на тоа дека хотелот не работеше година и половина, а организирани групи се нешто сосем нормално, си помислив, зошто да не. Секако и мене ми е потребно а и на градов да се помрднат работите,“ вели нашата соговорничка.

Повеќе:

-Дезинформациите ја отежнуваат борбата на Индија против коронавирусот

-Индијците преку социјални мрежи бараат кислородни боци и празни болнички кревети

-Глобално корона-жариште: Експоненцијален раст и рекордна смртност во Индија

„Претставникот на агенцијата од Црна Гора дојде, ги смести овде и дури тогаш ја разбрав вистинската информација. Тогаш разбрав кои се гостите и дека не можат да добијат работна дозвола ако претходно не поминат 15 дена во зелена зона. И тоа е целта на целиот овој циркус,“ вели таа за ДВ.

Од договорот со агенцијата склучен на 2 јули до нивното пристигање на 6 јули, поминале само четири дена, а дополнувањето на Уредбата за спречување на ширење на заразни болести според кое Индија се посочува како земја со посебен ризик е донесено на 9 јули. Премиерката признава во медиумите дека индиската чартер компанија на 1 јули доставила барање за четири лета со околу 800 патници.

Indische Staatsbürger in serbischer Quarantäne
Фотографија: Jelena Djukic Pejic/DW

 „Сѐ е неорганизирано“

Токму ваквата неорганизираност ја критикува сопственичката на хотелот и објаснува дека нејзините гости се примерни, но дека се на крај на нервите бидејќи веќе неколку дена чекаат да дојде некој од Институтот за јавно здравје Ниш и да им направи ПЦР , но како што вели тие очигледно немаат начин како тоа да им го наплатат.

„Замислете тие од мене бараат да им собирам пари и да донесам некој од менувачница во хотелот кој ќе врши трансакции, и така да се тестираат. Јас тоа не можам да го направам. Зар да завршам со лисици?, “ луто објаснува таа.

Во Институтот не сакаа да разговараат со новинари на темава, а Светлана Миладиновиќ и нејзините 170 гости се уште не знаат дали некој ќе дојде по нив, кога и како, со оглед дека за неколку дена тие треба да си го продолжат патувањето.

Што треба да се знае за сојот Делта?

Не е познато ниту колку Индијци има во моментов во карантин по хотелите низ Србија бидејќи во меѓувреме дојдоа уште неколку тури.

Имаше и хотели кои одбија гости од Индија, но тоа се хотели кои агенцијата ги контактирала по 9 јули кога им беше испратено официјално известување дека Индија е на листата високоризични земји. Светлана Миладиновиќ вели дека ова и било голема грешка од повеќе причини и дека повеќе нема да прифаќа нови вакви тури и покрај тоа што постојано добива барања за сместување.