1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто Македонците плаќаат најскапи авиобилети?

16 јуни 2010

Македонскиот воздушен простор од вчера е збогатен со уште една авиокомпанија, МАТ ервејз. Но и покрај големиот број авиокомпании кои летаат од и до Македонија, недостигаат директни авиоврски со многу европски метрополи.

https://p.dw.com/p/Nq1e
Фотографија: Petr Stojanovski

Македонското небо е отворено, законите што го уредуваат авиосообраќајот либерелизирани, воздухопловните правила усогласени со европските стандарди. Сепак патувањето со авион од и до Македонија е се‘ уште компликувано, бавно и скапо.

Да се стаса од Скопје до Сараево на пример мора да се менува авион во Загреб, Виена или некоја друга пофреквентна дестинација. Македонкската метропола е без директна авионска врска и со Софија, Букурешт, Киев, Варшава, Лондон, Париз, Мадрид. Од ефтините авиокомпании нема ниту трага ниту глас. Престана да лета и Џерман Вингс, која се обидуваше да ги направи пионерските чекори на ефтини авиобилети за македонксите патници. Зошто е состојбата толку неповолна, Дојче веле го праша Дејан Мојсовски, раководител на секторот за безбедност во Агенцијата за цивилно воздухопловство.

“Секако дека и јас сакам нашите аеродроми да бидат отворени кон сите дестинации. Но најважно е дека иднината е во добра насока, европско интегрирање во пазарот на Унијата што се однесува до воздушниот транспорт“.

Mazedonien Land und Leute Alexander der Große Flughafen in Skopje
Аеродромот во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski

Без концепт и стратегија за авиобизнисот

За разлика од воздухопловните власти, кои се оптимисти Вања Битољану, кој долго време беше најдиректно вклучен во дејноста смета дека државата нема концепт и стратрегија за авиобизнис.

“Фарса. Од почеток така се однесува државата кон авиосообраќајот. Никој од 1990 до 2010 не се заинтересира да направи стратегија за авиобизнисот“.

“МАТ ервејз“ наместо “МАТ“

Во македонскиот авиобизнис состојбата е значително сменета во споредба со ланската слика. Аеродромите ги презеде турски ТАВ, но реконструкцијата се‘ уште не е почната, на листата на авиокомпании го нема МАТ, чие место постепено го зазема Скај вингс. Воздухоловните власти вчера (15.06.2010) издадоа дозвола за летање на компанија која се вика МАТ Ервејс. Таа има повеќе сличности и заеднички работи со пропаднатата авикомпанија но за воздухопловните власти е важно да бидат исполнети условите за добивање сертификат за вршење на авиотранспорт.

Mazedonien Land und Leute Alexander der Große Flughafen in Skopje
Наместо МАТ, сега МАТ ЕрвејзФотографија: Petr Stojanovski

ТАВ не почнува со реконтрукција

Освен малиот број на редовни директни дестинации и скапите билети, грда слика на македонскиот авиосообраќај со години се аеродромите. Турскиот концесионер ТАВ го презеде управувањето во март годинава, но се‘ уште не е удрена ниту првата лопата. Времето тече, Турците загубија 3 од предвидените 20 месеци, период во кој скопскиот аеродром треба да го заслужи името што го носи. Во ТАВ не даваат информации зошто се‘ уште не почнува реконструкцијата.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска