1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зимбабве пред колапс

11 јули 2007

Зимамбве денес е на дното: со стапка на инфлација од 4 ипол илјади процнети, две третини од населението без работа, државен терор и милиони луѓе кои зависат од помош во храна – колапсот е прогнозата на експертите.

https://p.dw.com/p/BEgL
Роберт Мугабе ја држави сопствената земја во затворФотографија: AP

Меѓутоа, крајот се влечка со години и на многумина што се уште не избегале им е потребна голема издржливост. Една од нив е Мика од Северна Америка.

Веќе десет години Зимбабве е нејзина татковина по избор. Во меѓувреме и таа дојде до степен на преживување:

„Гледаш во сопствениот фрижидер, или во шпајзот и се прашуваш: ОК, што би можела денеска да јадам? Се живее од минимум. Ако можам да си дозволам, тогаш купувам два -три килограма ориз или брашно и точно знам дека тоа мора да ми трае подолго време. Вистина станува збор за преживување„.

Мора да се земе она што може да се добие, вели таа:

„Регалите во продавниците се скоро празни. Во некои денови воопшто нема млеко или каков и да е млечен производ. Потоа, снемува леб. Тоа е скоро правило. Чиста среќа е ако има леб, млеко или зеленчук. Кога некогаш имам домати, кромид, лук и ориз, тогаш сум многу среќна. Од месо одамна се откажав, прескапо е„.

Цените дневно растат за два до трипати. Многумина Зимбабвеанци во меѓувреме одат во природа и таму собираат се што може: корени, овошје и плодови. Освен тоа, животот дополнително го отежнуваат методите на заплашување од страна на владата. Постојано се живее во страв и си благодарен секое утро ако станеш жив и здрав:

„Си мислиш: еј, спиев вистина, ниту една соседна куќа не е запалена, никој не извршил провала само затоа што мисли дека жителот е близок до опозицијата. Се чувствуваш олеснето зашто си минал уште една ноќ и си велиш: можеби се уште има надеж„.

Сепак, Мика признава дека има план да го напушти Зимбабве:

„За среќа живеам во близина на границите кон Замбија и Боцвана, односно во близина на граничната река Замбези. Имам многу пријатели што имаат бродови, па во случај на потреба можам да заминам„.

Таа се прашува зошто воопшто се уште останува, а не мора. За разлика од многумина Зимбабвеанци, има пасош и доволно пари да избега:

„Го сакам Зимбабве и неговите луѓе. Тоа е прекрасна земја: слонови, диви животни, во градината имам птици преселници„.

И’ течат солзи. Го сака Зимбабве и ја боли кога гледа како една земја која порано беше надеж за целиот континент, сега пропаѓа. Сепак е убедена дека тоа не може уште долго да трае:

„Гладни и бесни луѓе. Ако не можеш да го храниш сопственото бебе и сопствените деца, тогаш ќе се кренеш и ќе направиш нешто, макар загинал. Се уште не сме стиганти до таму, но таквата ситуација наближува„.

Нејзината надеж се трите милиони Зимбабвеанци кои веќе избегаа во Јужна Африка или Англија:

„Се надевам дека формираната дијаспора ќе направи нешто за своите семејства и за останатите Зимбабвеанци кои вистина не можат ништо да направат. Не можат ништо да преземат под терористичкиот режим. Згора на тоа се гладни и слаби. Како би изгледал пресвртот? Веројатно ќе биде грозно, зашто од диктатура најчесто се преминува во воена власт. Но, промената е можна само со сила„.