1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Иванов се обидува да му помогне на Груевски“

БГ/сн/сз/билд12 март 2016

Бројни реакции во германските медиуми по интервјуто на македонскиот претседател Иванов за таблоидот „Билд“. Зиддојче цајтунг смета дека пораките биле наменети за домашната јавност

https://p.dw.com/p/1IC4a
Фотографија: picture-alliance/AA/M. Sulooca

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов се обиде да ја искористи позицијата на својата држава во бегалската криза за во интервју за весникот „Билд“ да обвини дека неговата земја „отсекогаш била жртва на институциите на ЕУ“, пишува Зиддојче Цајтунг. Но сметката која Македонија може да и ја испорача на ЕУ, почнува и завршува на граничната ограда, продолжува весникот.

„Таму не се само македонските сили, туку и 70-80 офицери од ЕУ-членките Хрватска, Австрија и Словенија“.

„(…) Натаму претседателот Иванов тврди Македонија 'не е ништо, не е членка на ЕУ, не е во Шенген, не е во НАТО'. Но она што не го кажува, е дека географската положба на бегалската рута, на малата земја може да и помогне да ја промени таквата состојба. Во четвртокот македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски изјави дека се надева оти Македонија наскоро ќе влезе во НАТО. Во однос на затворената граница Јолевски рече: 'Ние покажавме дека сме одговорна членка на меѓународната заедница'“.

„Оттука, анти-ЕУ тирадата на македонскиот претседател повеќе треба да се смета за потег наменет за домашната политичка сцена, отколку како отфрлање на Брисел. Претседателот Иванов е близок до владејачката партија на поранешниот премиер Никола Груевски, кој во јануари мораше да се повлече по обвинувањата за корупција. Внатрешнополитички, Иванов на Груевски може да му помогне само доколку очајната економска состојба во земјата ја поврзува со бегалскиот бран и наводниот недостаток на помош од ЕУ. Всушност пред еден месец ЕУ на Скопје му вети помош од 10 милиони евра за поддршка во менаџирањето на бегалската криза“.

„Тоа што проблемите на Македонија започнуваат на грчката граница не се должи на оградата пред која чекаат 14 илјади очајни луѓе. Во Грција, Македонија ја нарекуваат ФИРОМ, Поранешна Југословенска Република Македонија. 'Македонија?' велат Грците, таква земја не може да постои затоа што околу Солун веќе постои Македонија, како што се нарекува тамошниот грчки регион“.

„Долго е веќе познато, дека токму овој спор околу името и го блокира патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. По долгогодишното владеење на премиерот Никола Груевски мора да се заклучи: името не е повеќе најголемиот проблем. Државата се претвори во автократска структура. А во тој дел и Брисел помогна. Долго време го фалеше Груевски како економски вундеркинд на Балканот, наместо да ги критикува неговите антидемократски дефицити.“

„(…) Тоа што Македонија далеку поодлучно од својот сосед Србија се спротивстави на идејата да отвори кампови или да биде меѓустаница за бегалците, се должи и на искуството на земјата за време на косовската војна во 1999 година. Тогаш земјата прими околу 360 илјади косовски бегалци, кои избегаа од својата татковина поради војната. Во однос на 2 милиони жители на Македонија, тоа беше огромна бројка“, заклучува Зидојче цајтунг.

Билд: „Спор меѓу Македонија и германската влада“

Најтиражниот германски весник „Билд“ по вчерашното интервју со македонскиот претседател кое предизвика реакции на официјален Берлин и Брисел пак денеска објавува текст со наслов „Спор меѓу Македонија и германската сојузна влада“.

Screenshot Bild Interview mit dem Präsidenten Gorge Ivanov
Фотографија: Screenshot Bild.de

Притоа весникот потсетува на вчерашните реакции на Европската комисија и владата во Берлин во кои се отфрлаат критиките на Иванов од интервјуто за „Билд“ дека Македонија во бегалската криза не добила доволно помош од ЕУ и од Германија и пренесува дека Македонија меѓутоа останува на својата критика, цитирајќи го притоа соопштението од кабинетот на Иванов во кое се вели:

„Претседателот Ѓорге Иванов останува јасно на искажаното во интервјуто за Билд. македонската држава не добила никакви пари од ЕУ за да се справи со бегалската криза. Европскиот буџет за помош за бегалската криза за Македонија е нула. Ние бараме од германската влада јасно и прецизно да наведе, кому, кога и за каква цел биле дадени 52 милиони евра“.

И понатаму, пишува Билд, во соопштението на кабинетот на македонскиот претседател, се вели дека 66-те милиони евра кои се доспеани и ќе доспеат меѓу 2014 и 2020 година се дел од програмата за европски реформи а не за справување со бегалската криза во земјата.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема