1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зетот на Ердоган поднесе оставка на министерската функција

СН/агенции
9 ноември 2020

Тој беше министер речиси пет години. Сега веќе не може да ја извршува функцијата во ресорот за финансии поради здравствени проблеми, изјави Берат Албајрак, зет на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

https://p.dw.com/p/3l2VF
Türkei Finanzminister Berat Albayrak Rütritt
Фотографија: Adem Altan/AFP/Getty Images

Зетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поднесе оставка на местото министер за финансии поради здравствени причини.

.„Откако речиси 5 години бев на министерски функции, донесов одлука да не продолжам со службата (како министер за финансии) поради здравствени причини“, напиша Берат Албајрак во порака на Инстаграм.

42-годишниот Албајрак  на функцијата министер за финансии е од јули 2018 година, а претходно 3 години беше министер за енергетика.

Türkei Istanbul | Geldwechselgeschäft | Türkische Wirtschaft
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/L. Pitarakis

Сепак, според некои аналитичари прашање е дали само здравствените причини се причина за ваквата одлука. Имено оставката на Албарјак следувапо смената на гувернерот на турската Централна банка, Мурат Ујсал, кого го замени поранешниот министер за финансии Наџи Агбал.

Повеќе:

-Соништата на Ердоган за суперсила Турција водат во ќорсокак

-Турција: Авторитаризам на грбот на економијата

-Турција: Кога цената на кромидот ќе се вивне до небо...

Факт е: турската лира драматично загуби на вредност во изминатите неколку месеци. Во петокот вечерта 8,52 турски лири се тргуваа за еден долар.

Од почетокот на годинава, турската валута загуби речиси 30 проценти од вредноста во однос на американскиот долар. 

Infografik Turkish lira under pressure EN

Некои аналитичари пак споменуваат дека сега веќе поранешниот министер имал добри односи со Џаред Кушнер советникот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Се додава оти тие односи за Ердоган повеќе не се важни бидејќи Трамп загуби на претседателските избори.Албајрак е инаку оженет со ќерката на Ердоган, Есра, и имат 4 деца.