Зелените се противат, но тоа нема да ја спречи испораката на атомска постројка на Кина
3 декември 2003Реклама
Најавата на канцеларот Шредер за можно продавање на Кина постројка за обработка на плутониум предизвика силни реакции во Германија. Но, тоа изгледа нема да ја спречи зделката.
Продажбата веројатно ќе биде реализирана - на тоа упатува и вчерашната изјава на Шредер во градот Кантон: "Тоа ќе биде проверено, но не изгледа како безусловно да има нешто, што би зборувало против". Канцеларот денеска при посетата на градот Ченгду во Западна Кина беше покатегоричен - тешко дека ќе може да биде попречено решението за извоз на постројката. Не станува збор за тоа Кина да произведува плутониум за примена како оружје - тоа на атомската сила не и е ни потребно, туку со делови од постројката во Ханау плутониумот ќе се обработува во горивни елементи за атомски централи за производство на струја, објасни канцеларот.
"Плутониумската техника никогаш не е чисто цивилна. Во таа постројка Кина би можела да произведе големо количество плутониум што може да се употреби како оружје", реагира денеска еколошката организација Гринпис преку својот атомски експерт Сузане Окзе и побара од сојузната влада да не даде дозвола за извоз на постројката не само за Кина, туку воопшто за каде и да е. Таа треба да заврши во отпад, смета Гринпис. Силно негодување и противење доаѓа и од редовите на владиниот коалиционен партнер Зелените. Партискиот копретседател Ангелика Беер го смета извозот за "политички неразумен", а за противречно што Германија самата да го напушта користењето на атомската енергија, но извезува нуклеарни постројки. Потпретседателот на фракцијата на Зелените во Бундестагот Ханс-Кристијан Штребеле, кој е против продажбата на атомската постројка и против укинувањето на ембаргото за испорака на оружје на Кина, укажува: "Сметам дека не смееме да применуваме двојни мерила - од добри причини се' до денес одбиваме испорака на тенкови на Турција; сега не можеме да кажеме дека на Кина која не е членка на НАТО, ќе и' испорачуваме оружје, иако знаеме дека тамошната влада и натаму ги крши човековите права и и натаму се врши угнетување на цел еден народ, како во Тибет", вели Штребеле.
Занимливо е дека и потпретседателот на фракцијата на социјалдемократите Михаел Милер навестува оти проектот ќе доведе до дискусии во фракцијата, како и во партијата, а почесниот претседател на либералите, грофот Ото Ламбсдорф се изјасни против укинувањето на ембаргото на ЕУ за извоз на оружје во Кина, за што пак за време на сегашнава посета на таа земја се заложи германскиот канцелар.

Реклама