Зелените одат на избори со Геринг-Екарт и Тритин
10 ноември 2012Во Берлин денеска (10.11) беа објавени резултатите од гласањето на партиското членство за врвните кандидати на наредните парламентарни избори. Јирген Тритин освоил 71,9 проценти од гласовите, додека Катрин Геринг-Екарт има 47,3 проценти гласови. На гласањето, од вкупно околу 60.000 членови на партијата, учествувале 36.533.
На листата за избор стоеја 15 кандидати, меѓу нив и шефицата на пратеничката група Ренате Кинаст и шефицата на партијата Клаудија Рот. Останатите единаесетмина кандидати и‘ се непознати на пошироката јавност.
Ова е прв случај во Германија едне партија да ги избира своите врвни кандидати за изборите со гласање на партиското членство. Шефот на Зелените Чем Ездемир оцени дека оние што загубиле на гласањето нема да претрпат штети во политичката кариера.