1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Зелените” го завршија конгресот:идните избори -нов предизвик

3 октомври 2004

Со нов раководен дует и повик кон поголема социјална правда германските Зелени влегувааат во борба за победа на црвено зелената коалиција во изборите во 2006 година.Партискиот конгрес на Зелените во Кил денеска донесе рамки за граѓанското осигурување и за реформскиот проект за поправедно финансирање на здравственото осигурување.

https://p.dw.com/p/Ad3u
Фотографија: dpa

Со спорниот избор на Клаудија Рот и Рајнхард Битикофер за ново раководство,околу 700 делегати демонстрираа решителност и единственост.Претседателот на СПД Франц Минтеферинг меѓутоа го предупреди коалициониот партнер за преголема храброст,СПД и натаму ќе доминира во коалицијата,рече шефот на Социјалдемократите,иако неговата партија на последните комуналнии парламентрани покраински избори претрпе видни загуби.

Зелено светло за граѓанското осигурување,ова мото два дена светеше над партиската бина во Кил.Првобитниот предлог на Зелените треба да биде заеднички изборен шлагер на СПД и Зелените на парламентарните избори во 2006 година.Партискиот повторно потврден шеф Рајнхард Битикофер подвлече:

-Дозволете да оствариме реформа со која околу десет проценти способни од ова општество ќе можат да се простат со солидарноста,тоа е порака на праведност.

Со овој проект и службениците и самостојните вработени ќе плаќаат долгорочно во граѓанското осигурување.Осигурениците можат да бираат слободно меѓу законското и приватното здравствено осигурување.Граѓанското осигурување е контра модел наспроти предлогот на ЦДУ за единствен паушал по глава за финансирање на здравствените фондови. Зелените покрај својата компетенција како неспорна еколошка партија да додадат и атрибут на труд и праведност и да ја симнат етикетата на партија на подобростоечките кои добро заработуваат..Во секој случај тие не сакаат да бидат сиви сиромашни глувчиња,рече и копретседателката Клаудија Рот.По крајот на спорот околу двојната функција во партијата и во Парламентот сега таа може повторно да биде и партиски шеф и пратеник во Парламентот.Таа се грижи за натамошни изборни успеси со аргументи,но и со емоции:

-Ги имаме сите шанси,зашто не само што знаеме за што се работи туку и како.Со глава и со стомак,со големо срце и разбирање,со задоволство на власт.Власт,оваа земја да се направи човечна.

Зелените јасно се дистанцираат од Унијата и во областа на надворешната политика.Министерот за надворешни работи Јошка Фишер,прв човек на партијата во сенка,пледираше против шефот на ЦДУ Ангела Меркел околу перспективата на Турција за во ЕУ.Истовремено ги отфрли префрлувањата дека црвено зелените толерираат прекршувања на човековите права:

-Тоа е политика на сојузната влада,таа не оди против човековите права.Не можам да се сетам на ниту една посета на Москва,на Пекинг,при која контактите со групите за заштита н ачовековите права не биле нејзин дел,па дури и при средбата со претседателот Путин.

Претходно претседателот Битикофер ја повтори својата критика против рускиот претседател поради чеченската политика.Отфрлен беше и предлогот на сјузниот министер за внатрешни работи Ото Шили за прифатен бегалски логор во Северна Африка.