Затишје пред бура во Романија?
27 ноември 2017Народот повеќе нема да молчи! Десетици илјади Романци повторно излегоа на улиците за ги бранат достигнувањата на правната држава. Се јавија аналогии со масовните демонстрации кои доведоа до уривање е на комунистичкиот диктатор Чаушеску во декемви 1989 година. Денес, 28 години подоцна и 10 години по пристапувањето на земјата во ЕУ, граѓаните се бранат од обидите Социјалдемократите да воспостават контрола над правосудството и да ја разводенат борбата против корупција.
Протестантите се сѐ уште мирни, но водечките политичари од ПСД најавија одмазда. Најавија големи демонстрации на своите симпатизери, кои ќе се слушнат „преку Брисел до Марс“. Таквото губење на чувство за реалност беше забележливо уште кај Чаушеску- и тој „својот“ народ го сметаше за манипулативна маса и се криеше зад своите манични визии. И тој во декември 1989 година демонстративно го собра народот со убедување дека луѓето ќе му бидат вечно благодарни. А потоа мораше со хеликоптер да бега од кровот на својата паритиска централа од толпата, која сакаше да се ослободи од диктатурата.
ПСД- куп остатоци
Колку ниско само може да падне една партија која себе си се нарекува социјалдемократска, но, како што изгледа, е во цврста прегратка со корумираните групи? Групата која, откако пред една година дојде на власт, само гледа како да го потчини судството- и така да ја спаси својата кожа.
ПСД е длабоко поделена. Таборот околу шефот на партијата, Ливиу Драгнеа, сѐ уште го води главниот збор. Правосилно осудениот политичар клучните позиции во владата им ги подели на своите следбеници, но, благодарејќи на своите постојани обиди како претседател на парламентот да ги влече конците за своја сметка, расколот во партијата е сѐ поголем. Оние кои порано го следеа сега му го вртат грбот и сакаат да ја спасат партијата од дефинитивен пад. Сѐ почесто се слуша дека, ако затреба, ќе бидат подготвени да го сменат својот шеф- за и понатаму да останат на власт. Не е првпат во историјата на партијата да се случи такво нешто.
Ќе успејат ли демонстрантите?
Граѓаните, меѓутоа, повеќе не сакаат да ја трпат таа игра. Тие се соочени со фактот дека делумната победа која ја извојуваа на почетокот на годината беше со кус рок. Итниот декрет со кој новата влада на чело со ПСД сакаше да го потчини правосудството, во февруари, поради демонстрациите, беше повлечен. Но таборот на Драгнеа веднаш се фрли на работа да ги истурка „демократски“ спорните закони во парламентот. Бидејќи има силно мнозинство, се очекува дека во тоа и ќе успее. Последна надеж за бранителите на правната држава е претседателот на Романија Клаус Јоханис. Тој уште во февруари им се придружи на демонстрантите и повеќепати најави оти ќе ги употреби сите средства кои му се на располагање според уставот за да го спречи донесувањето на спорните закони. Тоа во последна инстанца би бил референдум, значи, одлука на народот. Но, дали тој за тоа има храброст?
Демонстрантите штотуку добија поддршка од еден славен културен деец. Доајенот меѓу романските интелектуалци, Михаи Сора, филозоф, есеист и либерален политичар, и покрај длабоката старот- на почетокот на ноември го прослави 103 роденден- им се придружи на демонстрантите. „Без правосудство, со нашата земја ќе управуваат крадци и злосторници“, рече тој. Поголемиот број од Ромаците го знаат тоа- и сакаат да излезат на улиците додека не се заврши целата работа.