1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Затворска казна за израелскиот екс-премиер Олмерт

ЖА/макфакс/дпа/афп13 мај 2014

Првпат во историјата на Израел е изречена затворска казна за поранешен претседател на влада. Ехуд Олмерт е осуден на шест години затвор.

https://p.dw.com/p/1Byzw
Фотографија: Reuters

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт е осуден денеска (13.05) на шест години затвор поради корупција во големата афера „Холиленд“ со недвижнини во периодот додека беше градоначалник на Ерусалим, од 1993 до 2003 година, со што, според израелските медиуми, се урнати сите шанси тој повторно да се врати во политиката.

Шеесет и осумгодишниот Ехуд Олмерт, освен што е осуден на шестгодишна затворска казна, треба да плати парична глоба од милион израелски шекели, или 210 илјади евра.

Со тоа Олмерт стана првиот политичар во израелската историја кој е осуден на реална затворска казна, и доколку не му биде овозможено да се жали пред Врховниот суд, ќе биде највисокиот функционер затворени во земјата, додека поранешниот претседател Моше Кацав го судат за силување.

Центристот Олмер, кој како израелски премиер се стекна со меѓународно реноме поради неговите напори за постигнување мир со Палестинците, ја отфрли целата вина во аферата „Холиленд“, комплекс станови.

„Јавниот службеник кој прифаќа мито е еднаков на предавник“, изјави денеска судијата Давид Росен. Во пресудата на 50 страници, судијата истакнал дека Олмерт, и покрај неговите заслуги за државата, извесно време учествувал во криминални врски и ја искористил службената положба за здобивање со големи парични износи. Казната беше изречена месец ипол откако судот докаже дека Олмерт добил најмалку 560 илјади шекели, околу 100 илјади евра за помош при реализацијата на проектот за изградбата. Инаку, тој беше обвинет за примање 759 милиони шекели, или 156 илјади евра.

Поранешниот градоначалник на Ерусалим не ја признава вината, а неговите адвокати бараа затворска казна од година пол. Поранешен адвокат, голем љубител на елегантни костуми, скапи цигари,фудбал, добра храна и патувања во странство, Олмерт честопати беше цел на истраги на израелските правосудни органи, но секогаш досега се извлекуваше. Политичкиот пад на Олмерт започна во септември 2008 година кога беше ослабен поради обвинувањата за корупција, но функцијата ја извршуваше до крајот март 2009 година, и одби да се кандидира на внатрепартиските избори на својата партија Кадима, од десниот центар, со што всушност отстапи од премиерската функција и беше заменет од актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Олмерт кариерата ја започна како националист во партијата Ликуд за со времето да еволуира кон умерената струја. Така, во почетокот го поддржуваше големиот Израел и екстремните доселеници на палестинските територии на Западниот брег и во појасот Газа, се спротиставуваше на договорите од Кемп Дејвид со Египет од 1978 година, како и на договорот од Осло со Палестинците од 1993 година, за конечно да се согласи со замислата за основање палестинска држава.

„Најубавиот ден во мојот живот беше денот која открив дека бројките се посилни од историјата и географијата на Израел. Открив дека ако тврдоглаво истрајуваме на тоа да задржиме сe‘, во 2020 година ќе има 60 отсто Арапи и 40 отсто Евреи на територијата на Палестина“, призна Омерт пред неколку години.

Во своите мемоари објавени во 2013 година, поранешната американска државна секретарка Кондолиза Рајс, призна дека се изненадиле кога Олмерт во мај 2008 година тајно и’ предложил на Палестинците да им се вратат 94 отсто од територијата на Западниот Брег и да се подели Ерусалим за да стане престолнина на двете држави, еврејската и палестинската.

Олемрт ја водеше изралеската влада од 2006 година, откако неговиот претходник и партиски колега Ариел Шарон доживеа мозочен удар и падна во долгогодишна кома. Тригодишното премиерство на Олмерт кој подоцна се декларираше и како политичар од левиот центар, беше карактеризирано со заживувањето на изралеско- палестинските мировни преговори, како и со Сирија, со Втората либанска војна којашто повеќето Израелци ја сметаат за пораз, и големите операции во палестинската енклава појасот Газа, кога загинаа повеќе од илјада Палестинци.