Запознајте ги дисциплините на Зимските олимписки игри
На 23-те Зимски олимписки игри спортистите ќе се натпреваруваат во 15 дисциплини на 102 настани. Учествуваат 2.952 спортисти од 92 земји, а ќе дебитираат Еквадор, Еритреја, Косово, Малезија, Нигерија и Сингапур.
Алпско скијање
Пет дисциплини во кои темпото е во преден план - спуст, супер велеслалом, слалом и велеслалом, како и алпска комбинација, која се состои од слалом и спуст.
Скијање слободен стил
Млад, свеж и спектакуларен спорт - скијањето во слободен стил на писта со возвиенија или на скокалница го има уште од 1992 година, но во Сочи првпат ќе има две нови дисциплини во овој спорт: халфпајп-натпреварите за жени и мажи, како и слоуп-стил.
Сноуборд
Сноубордот е олимписки спорт од 1998 година, но сега првпат ќе бидат доделни златни медали во дури 10 дисциплини. Покрај велесалаломот, халфпајп и сноубордкрос, сега ќе има и слалом во кој растојанието меѓу знаменцата ќе биде пократко, а тука е и слоуп-стилот - минување на патека со препреки полно со акробации.
Биатлон
Комбинацијата на скијачко трчање и стрелање е најпопуларен зимски спорт во Германија. На десет натпревари во женска и машка конкуренција ќе се настапува индивидуално или во тим. Новина, притоа, е мешаната штафета. Германските биатлонци редовно бележат успеси на Олимпијадите.
Скијачко трчање
Класика на програмата на зимските олимписки игри се 12-те натпревари во класичното скијачко трчање и во слободен стил (скејтинг). Кога на целта одлучувачки се сантиметри, понекогаш е забавно (фото). Германските атлети досега имаат освоени четири златни, десет сребрени и четири бронзени медали.
Скијачки скокови
Истрел за старт, залет и летање - учесниците на ЗОИ ќе скокаат од нормална скокалница (98 метри) и од голема скокалница (125 метри). Во Пјонгчанг по вторпат се натпреваруваат жени. Во „кралската дисциплина“ на нордиското скијање - нордиската комбинација, се комбинираат скијачки скокови и трчање.
Боб
Бобот е олимписки спорт од 1924 година и Германците тука освојуваат многу медали. Има две дисциплини - двосед и четворосед. Жените се натпреваруваат во возење боб од пред 12 години.
Санкање
По замрзнати канали се спуштаат и санкачите - сами или по двајца лежат на санките на грб. Во Сочи првпат ќе има тимска штафета. Притоа еден по друг поединечно ќе се спуштаат еден маж и една жена, а по нив ќе се спушти и санка двосед. Кога едниот ќе стигне на целта дава сигнал да почне да се спушта вториот член на тимот.
Скелетон
За скелетон е потребна голема храброст, зашто натпреварувачите лежат на стомак на санките и низ каналите се спуштаат со главата напред. Санката наликува на скелет, па оттука и името - скелетон. По пауза од 20 години скелетонот од 2002 година е повторно олимписка дисциплина.
Карлинг
Кај карлингот, слично како во бочањето, камената кугла треба да се намести што е можно поблиску до или во центарот на еден круг. Во Сочи во карлинг ќе се натпреварува само машки тим, жените не успеаја да се квалифицираат.
Уметничко лизгање
Во уметничкото лизгање се комбинираат определени елементи, пируети и скокови. Покрај натпреварите во машка и женска конкуренција поединечно и во парови, во Пјонгчанг по вторпат ќе има и екипно натпреварување.
Брзо лизгање
Брзото лизгање е дел од Олимпијадите уште од почетокот, од 1924 година. Спортистите се натпреавруваат на шест различни дистанци меѓу 500 и 10.000 метри. Има и екипно натпреварување. Најуспешна германска спортистка во оваа дисциплина е Клаудија Пехштајн, која има освоени 5 златни, 2 сребрени и 2 бронзени медали.
Брзо лизгање на кратки патеки
Брзото лизгање на кратки патеки се разликува од класичното брзо лизгање по должината на патеката. Таа изнесува само 11 наместо 400 метри. Во брзото лизгање на кратки патеки има штафета и натпревари во поединечна конкуренција.
Хокеј на мраз
Хокеј на мраз е дел од ЗОИ уште од почетокот и тука доминираат руските и северноамериканските тимови. Од игрите во Нагано, во 1998 година, во хокеј на мраз се натпреваруваат и женските екипи. Германките важат за аутсајдери.