1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Западот на долг рок ќе остане ранлив од теророт

З.Јордановски/афп12 декември 2015

Заедничка вознемирувачка порака од неодамнешните терористички напади е дека не можеа да се спречат. Тајните служби во западните земји немаат решение за џихадиститe - повратници.

https://p.dw.com/p/1HMGw
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/J. Brinon

Нападите во Париз на 13. ноември претставуваа преломен момент. За првпат припадници на џихадистичката милиција Исламска држава (ИД) извршија концентриран напад во еден европски главен град. Две недели пред тоа ИД ја презема одговорноста за соборувањето на руски патнички авион над Синај во Египет. На почетокот на декември, ак, во Сан Бернардино во американската сојузна држава Калифорнија радикализирана брачна двојка уби 14 лица. Трагите на злосторството повторно водеа кон ИД. За безбедносните експерти планирањето и извршувањето на тие меѓусебно многу различни напади има една заедничка вознемирувачка порака: тие практично не можат да се спречат.

„Нема речиси никакво решение“

Belgien höchste Terrorwarnstufe in Brüssel
Фотографија: Getty Images/AFP/E. Dunand

ИД навистина кај ниеден од трите напади немаше директна оперативна контрола. Но, таа ги инспирира сторителите, ги славеше бруталните злодела - и така привлекува подмладок. Дејвид Килкјулен, антитерористички експерт, го нарекува овој феномен „нераководен џихад“. ИД ја шири борбената зона без да биде дофатлива за државните безбедносни органи. Западот ќе остане ранлив на долг рок, оценуваат експерти.

За безбедносните служби тоа е сценарио на ужасот, во чиј центар се наоѓаат од една страна повратници од џихадот, а од друга дома радикализираните. „Секоја европска тајна служба, со која разговарав во изминатата година, е како здрвена со оглед на прашањето за странски борци“, вели Брус Ридл, поранешен сораборник на американската тајна служба ЦИА, кој сега работи за институцијата „Брукингс“. Неговото отрезнувачко резиме гласи: „Нема речиси никакво решение“.

Неможно е непрекинато следење на џихадисти-повратници

Било каква ефективна стратегија против повратниците од џихад паѓа во вода веќе поради нивниот број. Според извештај на „Суфан групата“, консултантска група од опкружувањето на тајните служби, во 2011. година во Ирак и Сирија отпатувале помеѓу 27 000 и 31 000 симпатизери на џихад од 86 земји. „Претставете си го само проблемот за нивно надгледување кога тие ќе се вратат дома“, вели Ридел. Ако бидат уапсени, по 48 часови ќе мора да бидат ослободени „оти во Белгија или Франција не направиле никакво злосторство“, а речиси е неможно да се провери што правеле во Сирија. Се’ додека не може ништо да се докаже, тие не смеат ни да бидат затворени. За секој безбедносен апарат би било невозможно да организира непрекинато надгледување на сите повратници џихадисти, оценува Ридл.

Symbolbild - Polizei in Paris
Фотографија: Getty Images/AFP/Miguel Medina

Нужно е прилагодување на стратегиите за одбрана

А што со оние, кои никогаш не биле во директен контакт со ИД, како брачната двојка од Сан Бернардино? Според американската сојузна полиција ФБИ, тие се радикализирале независно еден од друг, уште пред меѓусебно да се запознаат преку еден онлај-портал за барање партнери. Наспроти атентаторите од Париз, двојката од Сан Бернардино е типичен пример за „нераководен џихад“. „Наместо тајни структури со канали за комуникација во обете насоки и тајни планови, има една отворена структура за комуникации“ во која упатства на приврзаниците им се даваат „во илегала“, вели Дејвид Килкјулен. Ако повратниците од џихад дојдат во контакт со таа илегала, тоа ќе има „решавачко“ влијание врз внатрешната безбедност, смета тој.

USA Kalifornien Schießerei in San Bernardino
Фотографија: Getty Images/AFP/S. M. Haffey

Крвопролевањето во Сан Бернардино посебно ги покажува границите на стратегиите за одбрана од терор, какви што беа креирани по нападите од 11. септември 2001, укажува Килкјулен.Тие се насочени кон откривање на мрежи, но со оглед на новата закана ќе мора да бидат прилагодени. Но, нема „компјутерска програма која може да открие или да предвиди насилна радикализација на мирко ниво од две индивидуи“ - таа останува „под радарот“, се вели во извештајот на „Суфан групата“.