1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев: Очекувам министри со решенија а не со прашања

БГ
25 мај 2017

Во интервју за Дојче Веле, мандатарот Заев изразува очекување дека составот на новиот владин кабинет ќе биде познат до петок, а оти најдоцна до средината на наредната недела Собранието ќе може да гласа за новата влада.

https://p.dw.com/p/2dYvV
Zoran Zaev
Фотографија: Picture alliance/AP Photo/B. Grdanoski

Мандатарот за состав на новата македонска влада, Зоран Заев во интервју за ДВ изрази задоволство од синоќешната средба во Брисел со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и заедничкиот состанок со останатите пет лидери на државите од Западниот Балкан и истакна дека не постои друга иднина за земјите од Западниот Балкан, освен иднината во европското семејство.

Меѓу другото лидерот на СДСМ говори и за актуелниот процес на преговори за составувањето на новата влада со останатите партии од парламентарното мнозинство, но ги наведува и своите очекувања од кадровските решенија за министерските функции.

Погледнете го интервјуто кое со мандатарот Заев во Брисел го водеше Борис Георгиевски:

Заев за ДВ: Кадровските решенија до петок, новата влада наредната недела