1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уставот ќе се отвора, кој се ќе влезе во него?

ДТЗ
9 март 2021

Премиерот Зоран Заев најави дека пред да влезе земјата во ЕУ ќе се отвора Уставот да се внесат помалубројните етнички заедници

https://p.dw.com/p/3qPZ5
Nord-Mazedonien PK Premierminister Zoran Zaev
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Пред влезот во ЕУ, Северна Македонија ќе го „отвори“ Уставот. А, во него ќе влезат не само Бугарите, туку и Хрватите, Торбешите, Египќаните, Австријците и Романците. Ова го најави денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој изрази подготвеност и Бугарите да бидат внесени во Уставот, доколку треба. 
„Пред влезот во ЕУ, мора да го отвориме Уставот. Една од причините се помалубројните заeдници кои живеат тука и треба да се внесат. Тоа го направи Хрватска пред влезот. Имаме спремност, не само за Бугарите, туку и за Хрватите, Торбешите, Египќаните, Австријците, Романците и други кои и да ги имаме од помалубројните етнички заедници. Ние сме отворено општество, европска земја и ќе го следиме примерот на европските земји“, порача Заев на прес-конференцијата за презентација на новата владина агенда „Европа дома“.

За промена е потребно двотретинско мнозинство

За промена на Уставот е потребно двотретинско мнозинство во Собранието. Во Преамбулата на Уставот се споменати „македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите’.

-повеќе на темата: Пендаровски контра Османи: Нема потреба од измени на Уставот

Ваквата изјава на Заев следи откако минатата недела министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека ако треба Бугарите ќе бидат споменати во Уставот како посебна етничка заедница, иако досега никој го нема тоа побарано. „Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои што може да се организираат во колективна заедница и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно спомнување во Уставот кое што ќе го олесни после нивното организирање“, изјави Османи.