1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев го доби мандатот, Владата се очекува набрзо

БГ
17 мај 2017

На два дена пред истекот на уставниот рок, претседателот Иванов одлучи да му го додели мандатот за формирање на новата влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој најави дека ќе се обиде брзо да го формира кабинетот

https://p.dw.com/p/2d7Dw
Macedonien Gjorge Ivanov erteilt das Mandat zur Regierungsbildung an Zoran Zaev in Skopje
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Зоран Заев најави нов почеток за Македонијаоткако, по повеќемесечни натегања и блокади, претседателот на државата Ѓорге Иванов конечно му го додели мандатот за формирање нова влада. Церемонијата на доделувањето на мандатот, кој беше пренесуван од бројни медиуми, мина во студена атмосфера и со кусо ракување меѓу претседателот на државата и идниот премиер. Заев прочита дел од гаранциите кои му ги дал на Иванов, а потоа пред новинарите одговараше и на новинарски прашања. 
Иванов долго одбиваше да го даде мандатот и покрај уставната обврска да го стори тоа. Претседателот на државата тврдеше дека платформата на албанските политички партии го загрозува уставниот поредок и унитарноста на државата и бараше од Заев јавно да се откаже од неа. Откако Заев одби да го стори тоа, а под притисок и на меѓународната заедница, Иванов конечно се согласи да си ја исполни обврската која му ја пропишува Уставот. 

Иванов му го додели мандатот на Заев