1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Задоволни, ама не среќни

СН/жа/сид/мф/дпа1 април 2014

Вака може да се сублимираат првичните реакции на германските ракометни тимови, Фленсбург и Кил кои во четрвртфиналето на Лигата на шампиони за противници ги добија македонските клубови Металург и Вардар.

https://p.dw.com/p/1BZWz
Фотографија: Joern Pollex/Bongarts/Getty Images

По историскиот успех , македонските клубови Вардар и Металург во четвртфиналето на Лигата на шампионите добија противници од најсилната ракометна лига во светот. Ждрепката, која денеска се одржа во седиштото на Европската ракометна федерација во Виена, ги носи македонските тимови на дуел со германски опоненти.

Вардар во првиот меч ќе му гостува на Фленсбург, додека Металург за противник го доби еден од најтрофејните тимови во Лигата на шампиони, Кил. Во првичната реакција германските клубови се задоволни што не бил извлечен германски дуел во четвртфиналето. Претставничката на Кил, Сабине Холдорф Шулц за ждребката изјави: „Се надевавме дека нема да дојде до германски двомеч. Задоволна сум ама не сум среќна“, истакна Холдорф Шулц мислејќи притоа на противникот Металург и пред сѐ гостувањето во Скопје каде, како што велат германските медиуми, Кил и Фленсбург ги очекува вистинска „зовриен котел“ со ентузијастични навивачи.

Handball KIF Kolding vs HC Metalurg 30.03.2014 in Kolding
Фотографија: picture-alliance/dpa

Директорот на ракометниот клуб Фленсбург, Дирк Шмешке пак жребот во Виена го коментираше на следниов начин: „Тоа ќе биде тежок дуел за нас, веќе сме предупредени. Вардар против Хамбург покажа колку е јак, ама ние сакаме да одиме во Келн и извонредно ќе се подготвиме“.

Во другите две четвртфинални средби францускиот Париз Сен Жерман игра против унгарскиот Веспрем и додека третиот германски тим Рајн Некар Левен за противник ја доби моќната Барселона за која настапува најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров.

Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат од 16-ти до 20-ри април, а реваншите на програмата ќе бидат од 23-ти до 27-ми април. Фајнал-фор турнирот ќе се одржи во германскиот град Келн во викендот на 31 мај и 1 јуни.