1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Стил на живот

Зад црвените светла на Skopje Light District

Арбнора Мемети
17 декември 2020

Жешки танци и атмосфера слична на онаа во Амстердам го привлекоа вниманието на скопјани. Нашата репортерка Арбнора Мемети успеа да влезе зад сцената и таму да разговара и да ги фотографира сексуалните работници.

https://p.dw.com/p/3mtEJ
Nordmazedonien | Performance von Sexarbeitern in Skopje
Фотографија: ArbnoraMemeti/DW

Наместо со традиционалниот Марш на црвените чадори, сексуалните работнички годинава одлучија Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работници да го одбележат со перформанс во Универзалната сала.
Нашата камера ги следеше додека се подготвуваа за настапот. Во станот се чувствуваше возбуда меѓу трите девојки и двете трансродови лица, дури и блага паника околу тоа како ќе изгледа настапот.
Тие бараат легализација, односно декриминализација на нивната работа, а со перформансот сакаат да ја зголемат и јавната свест за проблемите со кои се соочуваат.
„Сексуалната работа треба да се декриминализира, да постојат бордели.  со тоа би се намалило насилството и стигмата кон сексуалните работници“, вели Лора (името е променето) додека се подготвува за настапот.
Лора е трансродово лице, и вели дека клиентите најчесто ја препознаваат според тетоважите. Во екот на пандемијата со коронавирусот, сексуалните работници се соочуваат со бројни проблеми. Работата им е редуцирана, а сиромаштијата чука на врата. Државата ги одби и не планира да им даде било каква поддршка.

Nordmazedonien | Performance von Sexarbeitern in Skopje
Лора трансродова сексуална работничка се подготвува за Skopje Light District. Таа, ги бои рацете со црвена боја и ги размачкува градите. Вели дека тоа е дел од кореографијата на нејзиниот настап. Фотографија: ArbnoraMemeti/DW
Nordmazedonien | Performance von Sexarbeitern in Skopje
Зад сцената на Skopje Light District се прават последните подготовки. Ќе настапат пет лица. Меѓусебната помош е неопходна при врзувањето на маските, за да се покрие делумно нивниот идентитет. Фотографија: ArbnoraMemeti/DW
Nordmazedonien | Performance von Sexarbeitern in Skopje
Ања, трансродова сексуална работничка неколку минути пред нејзиниот перформанс, ги прави последните подготовки. Фотографија: ArbnoraMemeti/DW
Nordmazedonien | Performance von Sexarbeitern in Skopje
Маја избрала да се облече како дедомразица. Како што вели таа, за неа е важно да се пренесе убаво чувство пред празниците. Фотографија: ArbnoraMemeti/DW
Nordmazedonien | Performance von Sexarbeitern in Skopje
Лора и Маја се подготвуваат за настапот. Тие се помагаат меѓусебно за да се подготват за „спектакуларна“ ноќ. Фотографија: ArbnoraMemeti/DW

Честопати се изложени и на насилство, како физичко, така и психичко.
„Не третираат нелегално. Различно се однесуваат кон оние девојки кои работат на улица, и различно кон оние кои работат во станови. Сум била изложена на психичко насилство. Дури и полицајци доаѓале кај мене и се обидувале со значки да добијат бесплатни услуги", вели Лора.
Нејзината колешка Маја смета дека решението е во отворање на улица на „црвените фенери“, слично како во холандскиот Амстердам.

Nordmazedonien | Performance von Sexarbeitern in Skopje
Лора се обидуваа да држи се под контрола. За време на нејзиниот перформанс се обидува да комуницираа со гестикулации со публиката. Фотографија: ArbnoraMemeti/DW

„Не сум имала лошо искуство, но многу зависи од тоа како ќе се поставиш кон клиентот. Ни треба „Ред лајт дистрикт", на тој начин ќе се промени табуто кон сексуалноста“, вели Маја.
Потоа заедно со нејзините четири колеги се упати кон излогот на Универзалната сала, каде веќе ги очекуваа десетици љубопитни граѓани.

Nordmazedonien | Performance von Sexarbeitern in Skopje
Фотографија: ArbnoraMemeti/DW