1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши конгресот на Зелените

1 декември 2003

Зелените го завршија партискиот конгрес во Дрезден. Тие ја донеса програмата за европските избори, утврдија листа на кандидати, побараа повторно воведување данок на имот, и притоа сосема малку се расправаа.

https://p.dw.com/p/AdNN

Кандидат на врвот на зелените на изборите за Европскиот парламент е Ребека Хармс и евро-политичарот Даниел Кон Бендит. Вториот во Дрезден побара дејствување во интерес на обединета Европа.

"Европа е политичка неопходност. Таа е цивилна моќ. "

Ова беше прв конгрес на зелените, откако се на власт, а на него да не учествува министерот за надворешни работи, Јошка Фишер. Тој од средбата на министрите за надворешни работи на унијата во Неапол на делегатите им се обрати преку видео-врска. Претстојните избори во Европа ќе бидат првите вистински политички избори од ваков вид, рече Фишер, кој се заложи за отворена и демократска Европа:

"Затоа демократска Европа мора да е заеднички европски интерес, Европа што граѓаните ќе ја разбираат, чии решенија ќе ги сфаќаат, Европа која ќе биде ефикасна и која ќе ги застапува нанадвор интересите на нејзините граѓани. "

И покрај демантите на Фишер, шпекулациите околу неговата иднина како европски министер за надворешни работи повторно се засилуваат. Зелените сметаат дека претстојното проширување на ЕУ е идеална платформа за остварување на нивните цели на меѓународна сцена. Заштита на животната средина, стопирање на користењето нуклеарна енергија во Европа, или заштитата на потрошувачите, во нивната изборна програма имаат исто толку централно место, колку и отворена кон светот политика на доселување и еднаквост на жените во општеството. Нови теми за зелените се политиката на образование и истражувања, како и одржлива економска политика.