1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вистинските проблеми на Хилари Клинтон

Михаел Книге/ сн3 јуни 2016

Актуелниот спор околу користењето на приватна имејл адреса за службена комуникација, како и неуспехот трката со Сандерс конечно да ја оконча во своја полза, се само симптоми, а не причини за проблемите на Хилари Клинтон.

https://p.dw.com/p/1IyGd
Фотографија: picture-alliance/dpa/M.Cavanaugh

Перцепцијата во јавноста

„Еден од нејзините најголеми проблеми во однос на изборите е јавната перцепција за неа“, вели Адам Реми, американски политички експерт од Њујоршкиот универзитет во Абу Даби. „Како Доналд Трамп, така и Хилари Клинтон имаат сомнителна чест, така што се најнеценетите кандидати на двете големи партии во САД на едни претседателски избори од почетокот на истражувањата на јавното мислење“.

Клинтон во моментов, според политичката интернет страница Real Clear Politics, негативно ја оценуваат 55,8 насто од Американците. Само 37,6 насто од испитаниците имале позитивно мислење за неа. Вредностите на веројатниот кандидат на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп се само незначително полоши. Тој е лошо оценет од страна на 58 проценти од Американците, а само 35,4 насто имаат позитивно мислење за него. Резултатите од анкетата, покажуваат дека многу гласачи, дури и од нејзината сопствена партија, не ја сакаат Клинтон или не ѝ веруваат. Фактот, дека нејзиниот внатрепартиски ривал Берни Сандерс неодамна побара повторно пребројување на гласовите по тесниот изборен резултат во сојузната држава Кентаки, е знак колку длабока е недовербата на многу либерални активисти кон Клинтон, вели Реми.

„Нејзината чесност и веродостојност се нејзин централен проблем, од кои произлегува сѐ останато“, истакнува Реми. Актуелниот спор околу користењето на нејзината приватна имејл адреса за службена комуникација додека била шефица на Стејд Департментот, дискусијата за улогата на таканаречените супер делегати на Демократската партија, кои ќе гласаат за Клинтон, како и нејзините проблеми трката со Сандерс конечно да ја оконча во своја полза - сето тоа според, Реми, е последица на негативното основно чувство на Американците кон веројатната кандидатка за американски претседател од редовите на Демократската партија.

USA Republikaner Donald Trump in Anaheim
Фотографија: Reuters/J. Ernst

Дел од естаблишментот

Во изборна година, која е одбележана од популистичкиот бес против таканаречениот естаблишмент, Клинтон како поранешна министерка за надворешни работи, сенаторка и прва дама на САД, претставува лесна цел. И тоа не само за Берни Сандерс, туку и за Доналд Трамп, нејзиниот веројатен противкандидат на претседателските избори во ноември.

Зашто на Трамп му успеа на тој анти-естаблишментски бран да „јава“ до претседателската кандидатура на републиканците. Тоа не е добар сигнал за Клинтон, бидејќи Трамп „естаблишмент картата“ безмилосно ќе ја употреби против неа и во претседателската кампања. Фасцинирачки (додуша за Клинтон екстремно непријатен) е фактот дека Трамп досега успешно се однесуваше како кандидат против елитите и естаблишментот, зашто конечно токму Трамп е прототип на кандидат на елитите и естаблишментот, истакнува Скот Лукас, професор на Американските студии на универзитетот во Бирмингем, Велика Британија.

„Тоа е трик“, вели Лукас. „Имаме двајца кандидати, кои сосема јасно му припаѓаат на естаблишментот. Кај Трамп тоа е имено економскиот естаблишмент, кај Клинтон наспроти тоа - политичкиот естаблишмент.“ За разлика од Клинтон на Трамп - могулот со недвижности, ТВ ѕвездата и самонаречениот милијардер од Њујорк - досега му успеа да ги убеди избирачите дека не му припаѓа на омразениот естаблишмент. Дали и натаму ќе му успее ремек-делото наспроти Клинтон да се претстави како анти-естаблишментски кандидат, би можело да биде одлучувачки фактор во предизборната кампања.

Автентичност

„Одлучувачко е тоа дека Хилари едноставно не поминува онака како Бил, кој секогаш е добро прифатен и сѐ уште е така“, вели американскиот експерт Лукас. „При нејзините јавни настапи таа делува многу невешто, без оглед дали се тоа предизборни менифестации или едноставно средби со граѓаните“. Многу Американци ја сметаат Клинтон „налик на робот и неавтентична“ и често по нејзините настапи се прашуваат каков е нејзиниот вистински став за определени теми: „Нејзниот сопруг Бил исто така беше мајстор за прилагодување на политичкиот дух на времето, само со една разлика. Тој отелотворуваше еден вид на пристапност и омиленост, која Хилари досега не може да ја покаже“.

USA Vorwahlen Hillary Clinton mit Bernie Sanders in CNN Interview
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Lane

Трамп, наспроти тоа, кај многу луѓе и покрај, или можеби и поради неговите бројни авантуристички изјави, неговиот агресивен пристап и неговите промени на партиската припадност делува како автентичен. „Трамп е како лош политички џез“, вели Лукас. „Тој го кажува она што му паѓа на ум. Ќе биде возбудливо да се набљудува, како тоа би можело уште и да се заврти против Трамп“. Меѓутоа за Хилари Клинтон нема да биде доволно, едноставно да полага надежи во тоа дека Трамп со неговите спонтани изјави во главната предизборна кампања сепак ќе си наштети самиот себеси. „Ако Хилари сака да има вистинска шанса“, вели Реми, „таа мора да изнајде рамнотежа меѓу човечкото однесување и автентичното комуницирање со обичните гласачи“.