Живот без пластични пакувања
За да се води живот без пластични пакувања е неопходна подготвеност за откажување од некои работи и постигнување компромиси. Обид за живот без пластични пакувања во Берлин - низ слики.
Малку поинаква козметика
Во Берлин има две продавници кои нудат неспакувани производи, меѓу нив и состојки за производство на козметички производи и продукти за нега. На интернет има доволно рецепти кои ветуваат миризлива и нежна кожа. Треба само да се почне.
Едно е теорија, друго е пракса
Теоретски козметиката која се меша на таков начин би можела дури и да се јаде. Тоа не значи и дека би била вкусна или хранлива. Но, тоа ја подвлекува природноста на многу тинктури, лосиони и кремови. Пластика нема никаде.
Не е за јадење, но е функционално
Течни сапуни и средства за чистење, се разбира, не треба да се јадат. Тие и не мирисаат секогаш убаво, но ѝ служат на целта. Всушност, служат на две цели, зашто покрај чистењето, овозможуваат живот без индустриски производи спакувани во пластика.
Едноставно и ефективно
Слично како за козметичките производи, онлајн има и рецепти за домашна паста за заби. За оние за кои тоа е прекомпликувано, постојат и таблети за чистење заби, кои мирисаат на ментол и кои се спакувани во хартиени кеси. Чистењето на забите се прави со четки од бамбус.
Сапун
За нега на телото не е неопходна колекција од пластични шишиња. Сапунот, кој луѓето го користат откако знаат за себе, сѐ уште функционира добро, барем исто толку добро како и гелот за туширање. Во продажба има и шампони и омекнувачи за коса во тврда состојба и без пакувања кои се штетни за животната средина.
Торби со смисла
Супермаркетите сѐ уште нудат пластични кеси за пакување на овошјето и зеленчукот. А дома, најголемиот дел од кесите завршува на отпад. Притоа, платнени торбички имаат многу повеќе смисла. Тоа го знаеле и нашите баби и прабаби и кога оделе на пазарување си земале платнени торби со себе.
На смрт осудените живеат подолго?
Да се задржиме малку на пластичните кеси. Во Германија тие не се официјално забранети. Сепак, некои продавници во меѓувреме ги исфрлија од употреба ваквите кеси или ги нудат само доколку за нив се плати. Не дека нема алтернативи!
Хигиена за хартијата за хигиена
Да се најдат алтернативи за тоалетната хартија е навистина тешко. Но, постојат - на пример од бамбус. Образложението за тоа зошто конвенционалната тоалетна хартија е спакувана во пластика, гласи: „Од хигиенски причини“. Навистина?