1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жалба од Грујевски и Бошковски до грчкиот Врховен суд

ЖА / агенции
5 јануари 2018

Двајцата поранешни македонски разузнавачи, Горан Грујевски и Никола Бошковски, вложиле жалба до Врховниот суд на Грција на одлуката за нивна екстрадиција во Македонија, донесена од Судот во Солун.

https://p.dw.com/p/2qOwk
Symbolbild Justiz Richter Gericht Richterhammer
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Deck

Поранешните началници на Управата за безбедност и разузнавање,  како што пренесува агенцијата МИА , повикувајќи се на солунскиот портал Вориа, вложиле второстепена жалба до Врховниот суд во Атина. Според нивниот адвокат во Грција, Костас Хаѕијоану, жалбата на Горан Грујевски е на 75, а на Никола Бошковски е на 65 страници.

„Одлуката на Судот е негативна за одбраната, но ние веруваме во Судот и во правосудниот систем на Грција и неговиот демократски капацитет и се надеваме дека повисоките инстанци ќе одлучат поинаку, бидејќи имаме аргументи на наша страна и сметаме дека ова е политички процес“, изјавил вториот адвокат Петар Василев. 

Griechenland zwei Ex-Geheimdienstagenten aus Mazedonien vor Gericht in Thessaloniki
Фотографија: Reuters/A. Avramidis

Судот во Солун денеска ја соопшти одлуката со која одобри екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски во Македонија. 

Поранешните началници на УБК пред судот претходно побарале да не бидат екстрадирани бидејќи, како што рекле, се плашат за своите животи и сметаат дека во Македонија нема да добијат фер судење. Тие во ноември побараа азил.

Повеќе на темата: 

Година и пол затвор за Грујевски, СЈО задоволно

Силна логистика за Грујевски и Бошковски

Освен за екстрадицијата, на Грујевски и Бошкоски во Грција им се суди и за фалсификување пасоши.

Двајцата се обвинети од СЈО за предметите „Тврдина“ и „Таргет“, а беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври 2017 година при обид со лажни бугарски пасоши на име Христо Атанасов и Неџми Хасан да заминат со авион за Будимпешта. Нивната намера беше да ја избегнат мерката притвор што им беше одредена кога СЈО поднесе обвиненија поради незаконско прислушување илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР, како и за физичко уништување на дел од таа опрема.

Во меѓувреме, на поранешниот началник на Петтата управа на УБК, Горан Грујевски, скопскиот Кривичен суд му изрече затворска казна од една година и шест месеци за уништување на документи поврзани со прислушувањето.