ЕУ сака подобар пристап до интернет за луѓето во Европа
11 ноември 2011Европската комисија предлага до 2020 година да инвестира минимум седум милијарди евра само во инфраструктурни проекти. Со тоа би можеле да се поттикнат дополнителни инвестиции од 50 до 100 милијарди евра, проценуваат одговорните. Севкупно се меѓутоа потребни околу 270 милијарди евра за да се оствари главната цел на ЕУ. А, таа гласи: до 2020 година половината од сите домаќинства во Европа да имаат пристап до добар и брз интенет со 100 мегабајти во секунда. Европската комисија со парите сака да ги поттикнува и дигиталните услуги, како на пример подобра инфраструктура за електронските лични карти или електронските картони на пациентите.
Субвенциите треба „да ја зголемат веродостојноста на проектите и да го намалат нивниот ризик“, соопшти Европската комисија. Брисел ќе сноси дел од финансискиот ризик заедно со меѓународни финансиски институции и Европската инвестициона банка. Овој предлог на Комисијата е дел од пакетот, кој има за цел да ги подобри сообраќајните патишта и мрежите за струја и пренос на електронски податоци во Европа. За предлогот да биде усвоен потребна е согласност од Европскиот парламент и од Советот на министрите.
Автор: БОН/ ГЧ/дпа
Редактор: Е.М.Фиданоска