ЕУ расположена за проширување со земјите од Западниот Балкан
28 ноември 2017„Постои поголемо расположение меѓу земјите-членки на ЕУ да му се посветат на проширувањето отколку пред една година“, изјави Хан во интервју за австрискиот весник Винер цајтунг.
Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија се земји-кандидатки за членство во ЕУ, додека Босна и Херцеговина и Косово го очекуваат истиот статус. ЕУ го смета регионот за важен од аспект на контролата на имиграцијата и спречување на безбедносни закани кои се движат од мешањето на Русија до радикалниот ислам.
Повеќе на оваа тема:
- Хан: истрчајте го последниот километар од маратонот
- Хан за ДВ: Милијарда евра од ЕУ за Западниот Балкан до 2020 година
Земјите-членки сфатија дека „на Балканот може да биде постигнат мир и дека перспективата за влез во ЕУ е витална за тоа“, вели Хан.
Западниот Балкан и неговите 20 милиони жители кои мнозински го поддржуваат членството во ЕУ, се атрактивен пазар за ЕУ, вели Хан, и додава дека „нова земја членка не е оптоварување, туку збогатување“.
Еврокомесарот вели дека не ја поддржува идејата за повеќебрзинска Европа, затоа што таа ќе предизвика раслојување на земјите-членки. Наместо тоа, треба да се вложат напори за да им се овозможи на послабите членки да достигнат повисоко ниво со што ќе зајакне ЕУ“.