1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ: Не се успеа со рамноправноста на Ромите

Бернд Ригерт
10 октомври 2020

По десет години специјална политика за Ромите, билансот е оскуден. Европската комисија сега со нов обид: со нов План за малцинства треба сѐ да стане подобро.

https://p.dw.com/p/3jcXp
Symbolbild Roma in Europa
Роми во камп во ФранцијаФотографија: Philippe Huguen/AFP/Getty Images

Досегашната стратегија на Европската унија за интеграција на нејзиното најголемо етничко малцинство, Синти и Роми, односно луѓе со ромско потекло - не успеа. По десет години специјална политика за Ромите, ресорната еврокомесарка за европски вредности, Вера Јурова, неделава извлече депримирачки биланс. „Искрено, во изминативе десет години не направивме доволно“, рече Јурова во Брисел.

Трајната дискриминација на 6,3 милиони Ромиво земјите членки на ЕУ е грда лузна на европската совест, вели Јурова. Ова сега треба да се промени, најави еврокомесарката. Со нов десетгодишен план властите во Брисел сакаат да ги натераат земјите членки да им овозможат и на Синтите и Ромите исти услови за живот, образование и права како и за останатите граѓани.

Притоа, во фокусот веќе не е „интеграција“, туку „инклузија" и еднакво учество на Ромите, се вели во стратешкиот документ на Европската комисија. Под терминот „Роми“ ЕУ ги опфаќа сите групи како Роми, Синти, чергари и други.

Romoe Franz
Ромео Франц: Секоја земја мора да се бори со антициганизмотФотографија: Hans Lucas/imago images

Инклузија наместо интеграција

Ова барање исто така го покрена германскиот европарламентарец Ромео Франц во разговор за ДВ. „Секоја земја мора да се бори со антициганизмот за да успеат плановите за инклузија. Јас го отфрлам терминот интеграција, бидејќи интеграција за секое маргинализирано малцинство звучи како асимилација. Овде зборуваме за рамномерно учество“, вели Ромео Франц. Овој пратеник од Зелените, кој и самиот е Синти, поднесе сеопфатен извештај за состојбата на луѓето со ромско потекло во ЕУ.

Антициганизмот е посебна форма на расизам и омраза која е се’ уште прифатена во многу европски општества, обвинува еврокомесарката за еднаквост, Хелена Дали, која ја претстави новата иницијатива во Брисел.

Криминализација и маргинализација на Ромите не смее веќе да се случува. На пример, 52% од сите Французи се чувствуваат крајно непријатно во соседство на Роми или чергари. Ова го покажа студијата на Европската Агенција за основни права и слободи.

Vizepräsidentin der EU-Kommission Vera Jourova
Еврокомесарката Вера Јурова го поздрави фактот дека и земјите кандидатки од Западен Балкан сакаат да се приклучат кон новата стратегијаФотографија: European Union

Акциските планови треба да бидат од помош

Земјите членки на ЕУ ќе бидат обврзани во рок од една година да предложат национални акциски планови кои ЕК на секои две години ќе ги контролира, најави Дали. Тој нов десетгодишен план морал да биде пообврзувачки од поранешните, смета таа. „Досегашната дискриминација не може да се оправда”, рече Дали обраќајки се на земјите членки. Како негативни примери беа наведени Чешка, Унгарија и Словачка, каде во училиштата ромските деца се школуваат одвоено од „бели” деца. Квалитетот на наставата таму е полош отколку во регуларните училишта. Таквата сегрегација по расна основа е неприфатлива. ЕК против владите на споменатите земји дури започнала и процеси за повредување на одредбите од Договорот за ЕУ, но досега без особен ефект.

#dw_BalkanBooster: Фирма со посебна цел

И во Романија и Бугарија, Синтите и Ромите се жалат на нееднаков третман. Комесарката Вера Јурова го поздрави фактот дека и земјите кандидатки од Западен Балкан сакаат да се приклучат кон новата стратегија. Во ЕУ живеат шест милиони лица со ромски бекграунд, а натамошни пет милиони во Европа живеат надвор од границите на ЕУ. Околу 45% од ова етничко малцинство во студија на Европската агенција за основни права и слободи рекле дека во 2018 биле отворено дискриминирани во продавници, ресторан или на работното место.

Четири петтини од сите ромски деца се загрозени од сиромаштија. Невработеноста кај младите во оваа етничка групае 62% во споредба со 10% кај останатите европски млади. Недостиг на образование е енормен проблем во подобрувањето на условите за живот, критикува ЕК.

München Bettlerin Symbolbild Zwangs-Bettler
Поради сиромаштија, многу Роми питаатФотографија: picture-alliance/Winfried Rothermel

„Задача за генерации“

Еврокомесарката Јурова раскажува дека при посети во словачки села со Роми била потресена бидејќи многу луѓе немаат пристап до тоалет, ниту до вода.

„Зборуваме за задачаза генерации, но мора од некаде да почнеме. Оти ако го табуизираме антициганизмот и го игнорираме, како што се случува со векови во Европа, нема да има подобрување, туку ќе се остане на вербални заложби и мали чекори”, вели пратеникот од редот на Зелените за ДВ, Ромео Франц, околу перспективите на стратегијата за инклузија.

Тој бара членките законски да бидат обврзани за спроведување на стратегијата. Еврокомесарките не отидоа толку далеку. И во следните десет години се упатени на добрата волја на членките на ЕУ. Во стратегијата за Ромите треба да бидат дефинирани само „минимални цели”. Ако членките не ги постигнат, не се предвидени санкции.

#dw_BalkanBooster: Кога Ромите музицираат...

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија