ЕУ и понуди на Британија три опции за Брегзит
22 март 2019Советот на ЕУ доцна синоќа и понуди на Велика Британија две опции за продолжување на Брегзит, откако Лондон претходно побара продолжување на процесот на заминување од Унијата согласно членот 50.
Понуда:
- Опција 1: Доколку парламентот во Лондон гласа за заминување следната недела, може да се одложи напуштањето до 22 мај за да се ратификува текстот.
- Опција 2: Доколку парламентот не го одобри договорот, ЕУ ќе понуди покусо одложување до 12 април.
- Опција 3: Доколку парламентот го одбие договорот и го прифати кусото одложување, потоа ќе може да одлучи дали да побара поголемо одложување а земјата да учествува на европските избори, или да ја напушти ЕУ без договор на 22 мај.
Април 12 е новиот „клучен датум“
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ги претстави опциите на прес-конференција доцна синоќа
„Владата на Обединетото Кралство се уште има за договор, без договор, долго одложување или повикување на членот 50. 12 април е клучен датум во однос на тоа дали Кралството ќе реши да учествува на изборите за Европскиот парламент. Доколку не се одлучи да го стори дотогаш, тогаш опцијата за долгорочно одложување автоматски ќе стане невозможна“.
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека останатите 27 земји-членки ја поддржале понудата за правно решавање на границата со Ирска, познат и како Стразбуршки договор.
Британската премиерка Тереза Меј по средбата рече дека ја прифатила понудата на ЕУ и го поздрави потврдувањето на Стразбуршкиот договор. „Тоа треба да му даде дополнителни гаранции на парламентот, а во малку веројатен случај границата да се користи, тоа ќе биде само привремено“. Таа ги повика британските парламентарци да го прифатат договорот, оценувајќи дека ќе биде погрешно да се учествува на европските избори.
Германската канцеларка Ангела Меркел го поздрави компромисот.
Критична отстапка: Новата понуда ќе и даде на Меј критично време за да се обиде да го протурка на двапати одбиениот договор во парламентот и да избегне тврд Брегзит. Понудата ќе им даде нова надеж на оние Британци кои сакаат останување во ЕУ, а во истовреме ќе ги исплаши и поддржувачите на Брегзит кои ќе мораат да го прифатат договорот за да се избегне такво сценарио.