1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ единствена околу преговорите разводот од Лондон

ЖА
29 април 2017

Шефовите на држави и влади на 27 членки на ЕУ ги усвоија насоките за излезните разговори со Велика Британија

https://p.dw.com/p/2c7yK
Brüssel EU Gipfel Brexit Verhandlungen
Фотографија: Getty Images/AFP/V. Mayo

Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск преку Твитер соопшти дека челниците на 27 држави од ЕУ едногласно усвоиле „солиден и фер мандат“ во врска со преговорите за Брегзит, и тоа во рекордно време, за помалку од 15 минути, како што дополни претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Рамката беше готова уште минатите недели, на неа работеа советниците на лидерите на членките на ЕУ. На самитот не се ни очекуваа некои промени.

Brüssel EU Gipfel Brexit Verhandlungen Merkel
Меркел не сака отстапки кон БританцитеФотографија: Getty Images/AFP/E. Dunand

Централна точка е барањето за преговори во две фази. Прво мора да се разјаснат прашањата за излезот на Велика Британија од ЕУ, пред со Лондон да се разговара околу идната соработка. Тоа го потенцираше и германската канцеларка Ангела Меркелпред вонредниот самит на ЕУ: прво бракоразводните преговори, а потоа планови за иднината. Во прв план се темите за идните права на околу 3,2 милиони ЕУ-граѓани  во Британија, меѓу кои и 100.000 Германци и околу 1,2 милиони Британци во ЕУ.

ЕУ бара Лондон да ги исполни финансиските обврски кои произлегуваат од членството во ЕУ, според некои проценки, тоа ќе изнесува околу 60 милијарди евра.

Меркел изјави: „Сакаме добри односи со Британија и во иднина, но сакаме и заштита на интересите на 27-членки“.

Преговорите околу Брегзитот ќе започнат по британските парламентарни избори, закажани за 8 јуни.